Ако се прашувам јас, би го сменал, го почитувам она кое го нагласил производителот на колата. Кои можат да бидат последиците за краток или подолг период, не знам. Корозија, нагризување... ништо... не знам.
Пред извесно време (месец-два) пред зграда (во Скопје) малку ми пукна црево каде што поминува антифризот/водата (најзаебаното, да не можам сам да си го сменам), па морав да побарам помош од најблискиот мајстор (за среќа, на 200 метри).
Заради лошо искуство со непознати мајстори и потполна недоверба, му реков да ми стави само дестилирана вода (можеби ставил вода од чешма, небитно, битно не ми ставил некој неадекватен антифриз), па после да си ставам јас антифриз каков што е препорачано (во меѓувреме ми скрше држач на шипката за масло, за да не можам да измерам масло и не ми кажа... за ебани 100 денари... уште еден момент за уште повеќе да не ги сакам непознатите мајстори
)
За кратко време, и онака правев мал сервис, беше сменет и комплетно нов антифриз (G12, така си пиши на садот).
Заклучок: Јас би ставил антифриз по пропис