Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 161939 пати)

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Антифриз
« Одговори #555 на: 22 Октомври 2019, 11:46:31 am »
Ако се прашувам јас, би го сменал, го почитувам она кое го нагласил производителот на колата. Кои можат да бидат последиците за краток или подолг период, не знам. Корозија, нагризување... ништо... не знам.

Пред извесно време (месец-два) пред зграда (во Скопје) малку ми пукна црево каде што поминува антифризот/водата (најзаебаното, да не можам сам да си го сменам), па морав да побарам помош од најблискиот мајстор (за среќа, на 200 метри).

Заради лошо искуство со непознати мајстори и потполна недоверба, му реков да ми стави само дестилирана вода (можеби ставил вода од чешма, небитно, битно не ми ставил некој неадекватен антифриз), па после да си ставам јас антифриз каков што е препорачано (во меѓувреме ми скрше држач на шипката за масло, за да не можам да измерам масло и не ми кажа... за ебани 100 денари... уште еден момент за уште повеќе да не ги сакам непознатите мајстори :) )
За кратко време, и онака правев мал сервис, беше сменет и комплетно нов антифриз (G12, така си пиши на садот).

Заклучок: Јас би ставил антифриз по пропис :)


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #556 на: 22 Октомври 2019, 12:11:35 pm »
Не знам колку можи да најди Г11, ама не би требало да има проблеми со понов антифриз.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Антифриз
« Одговори #557 на: 22 Октомври 2019, 19:54:03 pm »
G11 е плавиот антифриз, или пишува само антифриз на шишето. Од тоа што гледав по интернет, г12 ги има речиси истите состојки како 11ката со нешто апдејт плус.. и одам на тоа дека не би требало да има проблеми со понов вид. Може повеќе проблем е да му ставам г11 на нова кола неголи обратно... Ама ќе видиме... Досега за се одев "според упатство" ама ете се премислив

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Антифриз
« Одговори #558 на: 22 Октомври 2019, 23:29:00 pm »
G12 nemozes nikade da najdes da kupis. :)
G12+ e sekade sto prodavaat i toj moze da se mesa so G11
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Антифриз
« Одговори #559 на: 22 Октомври 2019, 23:45:32 pm »
Па не знам дали никаде, јас го ставив овај, не дека нешто особено го барав:



Е сега дали имаше некаде скриен + појма немам :)




Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Антифриз
« Одговори #560 на: 23 Октомври 2019, 01:10:41 am »
Има, има секакви антифризи на празарот, може свашта да најдеш. Не е тоа проблем дали се наоѓа. Проблем е секогаш што да одбереш :)

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Одг: Антифриз
« Одговори #561 на: 02 Ноември 2019, 16:20:51 pm »
Evans Waterless Coolant, Prevent Engine Overheating

Одлично „трајно решение“ за нашите проблеми со избор на антифриз :). Штета што ова го нема кај нас :(, па мислам дури и во поголемиот дел од Европа.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Антифриз
« Одговори #562 на: 13 Декември 2019, 08:18:27 am »
Така вика чартот, кај нас французите поедноставно е или е жолт или зелен или син.
Поедноставно би било да е само црвен и знаеш тој е :) , шала на страна, во Рено Сеник 1,5 дци 2007 иде зелен антифриз (Г12), дали знаеш?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #563 на: 13 Декември 2019, 12:18:51 pm »
Ај малку литература, Г12 зелен нема, Г12 е розев.  :)

Од овој каталог има три типа: Органски, Хибрид и Лобрид и Традиционален (претпоставувам сините на бензински)?
Јас претходно користев, Тип Д како од каталогот првиот, а после промена на термостат ми ставија во Рено од органскиот зелениот,
што значи тебе ти треба органски, зелен или жолт, а во зависност од производителот можи и друга боја има.













Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Антифриз
« Одговори #564 на: 13 Декември 2019, 14:31:04 pm »
Исто и кај мене е Лескот зелен флуоро.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Антифриз
« Одговори #565 на: 24 Декември 2019, 01:33:10 am »
Сакам да ве прашам ако се измеша чист антифриз со вода од чешма дали е проблем? Пред некое  време ми протече едно црево кое го замени мајсторот ама мислам дека има дотурено вода внатре иако му реков да стави дестилирана . После тоа ја возев месец, два, така за да видиме дали заменското црево не протекува, и сега кога е се во ред  пред зима ставив 3 литри чист антифриз  (инаку системот собира без малку 6 литри) антифризот е Тотал еден од поскапите намерно го земав но за кратко ја промени бојата па за тоа се сомневам дека мајсторот има ставено вода од чешма а не дестилирана .....Предходниот беше многу поефтин ама цело време бојата не ја промени ....

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Антифриз
« Одговори #566 на: 24 Декември 2019, 01:39:05 am »
Ако ја промени бојата, можно е да има корозија, тоа е лошо. Решение, детално перење на системот и нов чист антифриз.
Вода од чешма, може бигор да створи, и тука имаш голем проблем. Така накратко :)

И друго, нечини 100% концентрат неразреден да биди внатре. Однос 50 50 треба
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Антифриз
« Одговори #567 на: 25 Декември 2019, 23:24:28 pm »
Ne e 100 % znaci izvadiv okolu 3 litri od kolata i dostaviv 3 litri cist antifriz, taka da koga ke se izmesa so ostatokot vo sistemot koj inaku sobira okolu 6 litri  ce dojde  taman, e sega dali tie 3 litri so ostanaa vnatre bea obicna voda ili destilirana e prasanje...

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Антифриз
« Одговори #568 на: 26 Декември 2019, 13:36:20 pm »
Се што е алуминиумски ладилник таа е со црвена боја антифриз, а другите што не е алуминиум тогаш зелена или плава боја тоа е правило и ништо друго


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Антифриз
« Одговори #569 на: 26 Декември 2019, 23:07:00 pm »
Pa taka de crven stavam ladilnikot e aluminiumski kaj mene...

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk