Сеа видов си избрал веќе, ајде нека е честитки, сакав да споделам за инсигниите, гледавме 4-5 инсигнии вратени од лизинг 2-3-4 години стари, веруваш сите беа зарѓавени на полумесечинките, значи и останатите возила беа допрени, каменчиња и кцнати ама никаде немаше знаци на рѓа.
Општо инсигниите се нуториас за лошо заштитено и изработено тело покриено со боја и заштита од корозија, и надворешни влијаниа.
Тоа што ти го велеа и другите, има многу разлика помеѓу тоа да седнеш у возило, да го повозиш и споредба вака на папир ова сакам она не сакам.
А особено ако имаш шанси да споредиш 3-4-5 години старо слично оддржувано возило, еве во твојот случај инсигниа со топ 3-4 гермнски, конкретно и со голфот или пассатот.
Ќе се изненадиш како брзо потонуваат останатите возила споредба со германските.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Фала, да си возиш што ти е по мерак.
Инаку да, многу поголеми впечатоци добив за инсигнијата откако го возев тест возилото. Одлични педали, прецизен менувач, за чудо многу добра прегледност. Многу комфорна позиција на седиште. Назад одлична понуда на простор. Дизелот влечеше супер, што е право бензинецот не го возев, ама очекувам да биде многу солиден. Единствена замерка најдов кај управувачот, иако е одлично прецизен, прелесен е за мој вкус.
Друг битен фактор, субјективен секако, за мене е изгледот на возилото. А возилата од wv групацијата не ми се убави (освен сеат).
Секако дека премиум возилата од светото германско трио се подобри од инсигнијата, ама за мојот буџет може само на старо. А, мене мерак ми е за гланц нов автомобил.
За корозијата, немам причина да не ти верувам, веројатно си во право. Ама има 12 години гаранција од корозија, доплата за 5 години гаранција на се останато. Има и афтер-маркет солуции за заштита од корозија кои не се скапи. Астрата што ја возам, првите знаци на корозија ги покажа после 15-тата година од користење.
Единствено, мака ми е што не го пробав меганот со 1.3 тце, го немаше на тест.