Инсигнијата 1.5 не е со 165 коњски мотор?
Леснотијата на воланот може да се должи и до сетапот на тркалата. Јас кога ја возев, не добив таков впечаток.
Го возам тој мотор што си го возел, 1.6 турбо дизел во Инсигнија караван А (фејслифт). Моторот сеуште не престанува позитивно да ме изненадува.
Бујрум мојот тест ако те интересира:
http://forum.carclub.mk/index.php?topic=22463.msg1016480#msg1016480
Ја има во две верзии, нормално послабата е поевтина. Појалата треба да се земе со појако ниво на опрема и автоматски ќе ја крена цената преку буџетот. Јас уствари, ако купувам инсигнија, би земал најевтина кола од д сегмент за планираниот буџет. Ама, сепак мислам дека си вреди за парите, дека се добива многу.
Ги имам прочитано твојот трст, секоја чест за опсежноста и анализата. Само што таа инсигнија има најмалку 5000 евра оптрма повеќе.
И дизел варијанта би му ја зголемила цената и пак би дошло преку буџет. Таа која ја возев веќе ја имаа продадено пред да ја возам. Инаку, убава варијанта е тоа купување на демо возила, би му ја намалило цената за таман да се вклопи во буџетот.