Друже, можи да ми кажиш подетално за колава. Последно време сум загреан за едно вакво, ама бензинец 116i . Нај важно мие дали е скапо за одржување и сл. Некои ме предомислуваат дека се можни проблеми со диференцијал и сл оти е задна влеча. До сега не сум возел германска кола нити сум имал deutsche autos.
Друже колата е во моја сопственост веќе година дена. До сега не сум имал никаков проблем.
Одржавањето горе долу не можам да кажам дека е евтино, ама не е ни нешто посебно скапо. сепак возиш BMW. На пример регуларен сервис ( масло, филтер масло и филтер воздух) за мојата е околу 4500 денари. Проблеми со диференцијал не сум имал до сега на ниту едно BMW, иако сите викаат дека електричните диференцијали не се погодени, јас не сум имал проблем.За вожњата на BMW кец спрема возилата во својата класа можеш слободно да извозиш и ауди/голф/сеат и да ја видиш разликата.
Ако земаш бензин, барај нешто со плин оти ќе те утепа по џебот ако правиш километража. Искрено јас не сум фан на бензинците на BMW со 4 клипа. Тромави се, не одат. Посебно 116i баш имам возено, 116 коња бензинец, 5 долги брзини, колата е онака мех. Гмечи гмечи, тука пак тука.. ама тебе ако ти прави ќеф слободно земај. Јас повеќе би гледал дизелче 2007 нагоре со N47 мотор