Автор Тема: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.  (Прочитано 11414 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Клабери...

Мислам дека немаме ваква тема а би ни била од корист.
Ако имаме, нека се префрли текстов.

Брендови кога сакаме да купиме резервен дел и нивно рангирање по квалитет, на кој колку му издржал делот...?
Од каде го набавил, како да се избегне фалсификат...?

Во потрага сум по делови за подвозјето на возило Ланчиа Либра 2000г. Дел ги има од чкљ категорија и брендови и не ми се земаат. Од други брендови да се нарачаат, се чека.

- Дилема конкретна, INA куплунг шајба, од 3 дилери понудена. Два од Кавадарци, 2500 и 3700 денари. Мега аутопартс од Скопје со објаснување "INA Germanija" - по цена од 2300 денари.

- Друга дилема, предно рамо од дилер од Кавадарци FEBI, 5300 денари.
  Мега аутопартс од Скопје "FAI Auto Parts (V.Britanija)" - 3400 денари за едно, по нарачка.
  https://www.faiauto.com Чул ли некој или имал искуство со брендов?

Понатаму, како би ги рангирале како брендови за резервни делови:
TRW,
LIMFORDER,
FEBI,
BOSCH,
INA,
MOOG,
JAPAN PARTS (за кои можам само да кажам дека ги возиме од Италија),
FAI Auto Parts (V.Britanija),
MALO - Овие се нудат во последно време како наводно добри ?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2019, 14:02:26 pm »
Јас само ќе кажам дека се кај нас е фуш. Ми е страв да купам од било кој бренд, од искуство со Меганот на кој му ги сменав сите држачи на мотор и тоа баш одбирав реномирани марки, поскапи...и пак полошо стана, од што беше. Само Грција.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2019, 16:01:14 pm »
А јас ако ти кажам колку фуш роба носам за Грција, колку кинеска роба влегува во Грција и колку фуш роба од Грција нисам накај ЕУ, што ќе кажеш?

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2019, 16:25:34 pm »
За претходната кола BMW e90 купив половно лево рамо од отпадот Bender во Leverkusen германија. Ми наплатија 33 евра.
Десно немаа во моментот на лагер, па си купив ново од тука 5300 денари. (mislam bese Febi)
Половното ден денеска им тера на луѓето што им ја продадов нема крцнато, новото од МК се растропа по околу 6000 километри, за неполни 3 месеца..

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2019, 18:11:35 pm »
А јас ако ти кажам колку фуш роба носам за Грција, колку кинеска роба влегува во Грција и колку фуш роба од Грција нисам накај ЕУ, што ќе кажеш?

Сигурно е подобра од таа кај нас. Јас свеќиците кога ги купив од Грција и ги однесов да ги монтираат, мајсторот на кој што му врват низ раце милион делови, изреагира зачудено, во смисла еј абе од кај ти се купени свеќиците, кај ќе најдиш вакви кај нас... до детал исти беа со оргиналните. Исто и за гумиците за задниот трап.

А кај нас се знај Денсо К20ТТ, стандард на се пасоваат,  за мотор од 75кс и од 150кс истите ти ги нудат  ;D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2019, 19:24:17 pm »
Кај мене на клиото буфери (чаури) на амортизери сменив марка Оптимал.. после 6/7 месеци истите се растропаа полошо од што беше предходно....

Амортизери монро, купени нови оргинал 100%, 1 месец после монтирање на технички кажаа околу 70%..

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #6 на: 25 Февруари 2019, 19:30:06 pm »
Во темата за предница се утепавме од жалби за деловите. Пробај ОЕМ да се докопаш, остави ова ѓубрево кај нас.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #7 на: 25 Февруари 2019, 19:35:00 pm »
Кај мене на клиото буфери (чаури) на амортизери сменив марка Оптимал.. после 6/7 месеци истите се растропаа полошо од што беше предходно....

Амортизери монро, купени нови оргинал 100%, 1 месец после монтирање на технички кажаа околу 70%..
За Оптимал имам слушано дека се тешко срање!

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #8 на: 25 Февруари 2019, 20:54:00 pm »
да го додадам Flennor во делот тешко срање,  6 висечи јабучици во 1 година, греачи кои траеа 3 палења.

позитивно искуство со Bosch(греачи), Breda Lorett(затегач за каиш), Contitech каиши и црева исто и Hutchinson за овие работи.

имам доста брендови за одделот тешко срање, да расчепкам низ гаража ќе ставам повеќе, главно фленор избегавајте по секоја цена.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #9 на: 25 Февруари 2019, 21:09:27 pm »
Јас би ги додал Birth и Akron-Malo  како тешко срање за Алфа.
Додуша не е проблем да купиш казанче за антифриз, ама за подвозје - не.
Од позитивните би ги издвоил: TRW, Lemforder, Meyle (поготово HD quality серијата, која веројатно ќе биде мој избор за риплејсмент делови).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #10 на: 25 Февруари 2019, 21:38:46 pm »
Со двете раце потпишувам и лично радо би зимал половни делови од отпад Германски, отколку нови крш од тука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #11 на: 25 Февруари 2019, 23:53:28 pm »
Јас попрво би однел у аутобуфер да ми излијат отколку да купам фуш од кај нас.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #12 на: 26 Февруари 2019, 00:29:34 am »
Јас попрво би однел у аутобуфер да ми излијат отколку да купам фуш од кај нас.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


+1...
Репарирани повеќе траат од нови.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #13 на: 26 Февруари 2019, 07:45:59 am »
Тој е најдобар во цела мк, и коректен е со цени. На крај купете си ново старото репарирајте го нека стои за резерва, ќе се види кое колку ќе издржи

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
Одг: Брендови на резервни делови - квалитет и рангирање.
« Одговори #14 на: 26 Февруари 2019, 16:21:12 pm »
Јас од тука сега земам https://www.facebook.com/unikomerc.mk/
Увозници се, прва рака, немаат многу избор, само sct-germany, dayco, тие што ги увезуваат.
Од каде што набавуваат ги пишува и меил прашав, се ок.
За цени поевтино не сум сретнал. Ама пак пред да земате нешто, прашајте и по други места за цени
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005