А зошто нема „engine mode“ и ствари, туку треба на писмено барање да се поднесе? Ај нид ол, ај нид незнам што. У сред трка ќе дебатираме што има. Тоа е тињата во целава формула 1, што од бокс диктираат што треба да се прави и тоа не на возачот, туку директно на колата.
И уствари ако ти го ускратат болидот ќе седиш назад, ако ти дозволат плус перформанси од колегата, ќе го поминеш. Глупости. Значи да, 1-2 победа е супер и сето тоа, уште поважно е што Солзите на Милтон не ни беа на подиум. Фасцинантно изиграно беше тоа, а ретко кој спомнува. Можеби да се потркаа меѓусебно малку Петел и Еклер ќе беше многу по фраерско, и поокеј отколку на темпомат да извозат.
Како и да е не е лошо. И лутината на Еклер мислам дека е повеќе што „тимот“ го издупчи што не е океј реално. Зошто тимот треба да е зад тебе секогаш. А друго е ако возач те издупи, зошто тој возач си вози за себе. А кога тимот не е зад тебе е психолошки тежок момент. Мислам дека така се почувствува, и затоа беше таква реакцијата. Инаку евидентно е колку е побрз од Петел во последниве неколку трки. А и од Солзите е побрз.
Исто така незнам дали смее да се спомне дека и Ботас е доста брз, и ако не е со лисици врзан за парно мислам дека може и тој да приреди добра борба за титула.