Шпекулациите се дека Ферари имале проблеми со ладењето на моторот цел викенд и во ниту еден ден цел викенд не возеле со режим на моторот како за квалификации и за трка, па и од таму не конкурентноста во квалификаци и во тркачки режим. Тоа што Леклер не влегол во бокс за да нападне за најбрз круг и 1 бод не сакале да ризикуваат со влегувањето во бокс и дополнителни "компликации" што може да следуваат после влез/излез од бокс. Така што, тимското радио за Леклер мање више... погоре од 4-то место само на сон ако некој пред нив се откажеше. Добро е што Гасли беше позади и неконкурентен, веројатно да беше погоре, може и 5 и 6 да завршеа.
Тоа муабетите дека не одговарала патеката за болидот, мижи асан да ти баам, колку и да не одговара нема на крај да заостануваш 1 мин позади победникот и Ред Бул да те прекетнува ко од шала, па макар и нешто понови гуми да има, значи проблемите се поголеми од чисто конфигурација на патеката.
Следна трка е Бахреин, класична тркачка стаза скроз различна од Австралија, лани не само што имаа победа туку и пол позиција...така што ако го решат проблемот ќе се види вистинското лице на болидот, ако не - GP2 engine.
На тестовите во Барселона и тркава денес се гледа дека болидот е стабилен и нема проблеми со балансот, најверојатно има некој шит - reliability issues со моторот да не може да го цедат оптимално како што треба за да парираат на Ред Бул и Мерц, па прават некои компромиси со тоа и губат на перформанси и животен век на гумите.