Здраво,
Не знам дали темава ја отворам на вистинско место и затоа не ми замерајте.

Имам tomos, но точно не знам кој модел. Дали е Puch (50ccm) или обичен мопед не знам точно кој модел.

Ме интересира дали можам да го реставрирам и да го возобновам? Не за возење туку да повеќе да ни остане како фамилијарен спомен пошто не поврзува со член од потесното семејство и кој уживаше во неговото возење.
Дали има некој мајстор кој би се нафатил да го поправи? Дали има делови за него?
Однапред ви благодарам на поддршката.
