Автор Тема: Враќање данок на возило купено во Германија  (Прочитано 28355 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #15 на: 09 Јануари 2019, 09:29:59 am »
Точно е дека ќе си дојдеш со голф 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #16 на: 09 Јануари 2019, 09:45:23 am »
Јас како што знам од другар што работи на царина, ако земеш кола од странство од правно лице, го замолуваш истото да ти издаде образец/докукмент (не знам дали се мисли на Еур1) во кој има една реченица дека робата е со потекло од ЕУ, два печата од фирмата на тој документ и врз основа на тоа не плаќаш царина (барем патот да си го покриеш), а ДДВ од 18 % се пресметува на целата сума (каталошка вредност на колата, транспортни трошоци и др, а во овој случај, на таа сума не ти се засметува царина)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #17 на: 09 Јануари 2019, 09:47:46 am »
Мене муабетот ми беше за поврат на ДДВ, кога се работи за продавач - правно лице, дали важи, односно дали може да се направи поврат на ДДВ за секоја една кола
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #18 на: 09 Јануари 2019, 10:11:22 am »

Пс: тие 18% ддв што ги спомна се на вредноста на царината и секако ги плаќаш.. спаѓаат во таа цена
18% ДДВ се плаќа на целата сума. Односно проценета вредност на колата, транспортни, царински трошоци ако има и царина (јас имав 5% царина), и на крај ти лупаат 18%.

Во првата ситуација, колата ќе биде 8100 евра + 5% царина (405е) + 18% ддв на царината (околу 80е) = околу 8600 евра.
Во втората ситуација колата ќе биде 8100 евра + 5% царина + 18% ддв на цела сума односно околу 10000 евра.

Не е баш исто. Кое е точно сега?
Не ја гледај куповната цена, тоа преку друг метод се пресметува.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #19 на: 09 Јануари 2019, 11:26:29 am »

Пс: тие 18% ддв што ги спомна се на вредноста на царината и секако ги плаќаш.. спаѓаат во таа цена
18% ДДВ се плаќа на целата сума. Односно проценета вредност на колата, транспортни, царински трошоци ако има и царина (јас имав 5% царина), и на крај ти лупаат 18%.

Во првата ситуација, колата ќе биде 8100 евра + 5% царина (405е) + 18% ддв на царината (околу 80е) = околу 8600 евра.
Во втората ситуација колата ќе биде 8100 евра + 5% царина + 18% ддв на цела сума односно околу 10000 евра.

Не е баш исто. Кое е точно сега?

18%  се плаќа на целата сума, на сите трошоци. Значи втората ситуација.

Јас како што знам од другар што работи на царина, ако земеш кола од странство од правно лице, го замолуваш истото да ти издаде образец/докукмент (не знам дали се мисли на Еур1) во кој има една реченица дека робата е со потекло од ЕУ, два печата од фирмата на тој документ и врз основа на тоа не плаќаш царина (барем патот да си го покриеш), а ДДВ од 18 % се пресметува на целата сума (каталошка вредност на колата, транспортни трошоци и др, а во овој случај, на таа сума не ти се засметува царина)

Симо има убаво објасноето за ЕУР1 на претходната страна. Да, тој е документот за потекло од ЕУ, ама не дека не плаќаш царина, него наместо 5% плаќаш 1%. Ако го немаш ЕУР1 документот плаќаш 5% царина.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #20 на: 09 Јануари 2019, 11:35:32 am »
И за роба со вредност под 5000 евра (ли беше?), не мора ЕУР1 туку може да биде изјавено и во фактурата.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #21 на: 09 Јануари 2019, 18:24:46 pm »
Некој со искуство од Словенија со увоз на коли, може да се направи поврат на ДДВ? Инаку фала за дообјаснувањето за Еур1, односно дека не треба Еур1 за роба со вредност до 5.000 е, туку само во фактурата да стои обична изјава (сега се присетив дека другарот не спомна Еур1 туку само ми кажа за изјавата).....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #22 на: 12 Јануари 2019, 16:30:54 pm »
Ова само за Германија важи? Што е со увоз од БГ?

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #23 на: 12 Јануари 2019, 18:30:06 pm »
Ова само за Германија важи? Што е со увоз од БГ?
Не знам, до сега не сум купувал кола од таму, а не верувам ни дека ќе купам ;D

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #24 на: 15 Јули 2019, 13:44:17 pm »
Јас лично имам вратено данок на кола од Германија, ако на некој му треба помош и повеќе инфо можам да му помогнам околу ова.. :)

Јас моментално комуницирам со германец што продава коли, и ми вика морало да сум фирма за да вратам ВАТ, на половно возило купено од Германија, a не како физичко лице

точно е или тој не е мн запознат?
Фала

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #25 на: 15 Јули 2019, 13:59:14 pm »
@Luki Junior да се јави на рецепција :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #26 на: 15 Јули 2019, 13:59:29 pm »
Јас лично имам вратено данок на кола од Германија, ако на некој му треба помош и повеќе инфо можам да му помогнам околу ова.. :)

Јас моментално комуницирам со германец што продава коли, и ми вика морало да сум фирма за да вратам ВАТ, на половно возило купено од Германија, a не како физичко лице

точно е или тој не е мн запознат?
Фала

Мислам дека не е, другар зема лани и си врати ДДВ. Колата беше купена од физичко лице, но мислам дека за да вратиш ДДВ мораш возилото да го купиш од фирма а не од физичко лице.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #27 на: 15 Јули 2019, 14:58:36 pm »
Со брат ми бев до Минхен по кола во април годинава. Ја земавме како физичко лице преку овластен дилер на БМВ. На враќање, на маџарска граница беа онлајн внесени податоците во систем (после 2 саата чекање нормално). Не ставаат печат на експортните документи како порано. Му беше кажано на човекот во салонот да провери дека колата е излезена од ЕУ и после од прилика 2 недели ддв-то беше вратено кај брат ми на сметка во целосен износ. Немавме никаков проблем во тој поглед, освен малтретирањето на граница.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #28 на: 15 Јули 2019, 15:17:39 pm »
...

Германецот не е запознает целосно. Можеш како физичко лице кое не доаѓа/не живее во ЕУ да си го поврати данокот. Само треба извозните документи да се средени за да можат маџарите, хрватите, или бугарите на царина да ги внесат податоците дека стоката е изнесена од царинската територија на ЕУ.

И не секоја кола која се продава од страна на плац/правно лице со ДДВ број има поврат на данок за извоз надвор од ЕУ. Некои возила кои се продаваат од фирма на фирма внатре во ЕУ не подлежат на двојно даночење. Но, истото возило ако се извезе не мора да значи дека автоматски му следува поврат на ДДВ. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #29 на: 15 Јули 2019, 16:17:17 pm »
...

Германецот не е запознает целосно. Можеш како физичко лице кое не доаѓа/не живее во ЕУ да си го поврати данокот. Само треба извозните документи да се средени за да можат маџарите, хрватите, или бугарите на царина да ги внесат податоците дека стоката е изнесена од царинската територија на ЕУ.

И не секоја кола која се продава од страна на плац/правно лице со ДДВ број има поврат на данок за извоз надвор од ЕУ. Некои возила кои се продаваат од фирма на фирма внатре во ЕУ не подлежат на двојно даночење. Но, истото возило ако се извезе не мора да значи дека автоматски му следува поврат на ДДВ.
Dali ima nekoj link da mu spodelam na coekov?

Fala

Sent from my SM-G973F using Tapatalk