Еве го основниот интерфејс, дотука сум стигнат. Преку CAN-bus отчитувам амбиентална температура, температура на мотор и текстот од радиото. Сеуште има доста работа, но полека полека заличува. Како што прикажав погоре, ќе има и Android Auto.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Браво друже, секоја чест!
Би сакал да те прашам од кај го набави CanBus адаптерот за Опел?
Во план сум да вградувам универзален мп5 плеер но знам дека без тој адаптер ќе ги изгубам командите на волан.
Поздрав!
CANBus адаптерот сам го изработив користејќи стандардни компоненти (MCP2515 CAN Controller и MCP2551 CAN Transciever) и сопствен софтвер за отчитување на параметри од CANBus комуникацијата во возилото.
BTW, ќе има и вакви форици...
Радиото уклучено, палиш мотор па тек тогаш се појавува страничното мени.
Со UI/UX не сум баш толку креативен, но како што ми идат идеи така ги имплементирам.. Дур не сум бар 90% задоволен од изработеното, не го ставам во кола.
Мака мачам со имплементација на медија плеер во истиов софтвер. Иако Android Auto е топ, едно USB полно со музика ќе брка голема работа.
Еве и верзија 1 од држачот за екран, битно беше да се погоди позицијата, па дополнително ќе се доработува. Прототипот од PLA, а финалниот ќе треба да се помачам да го испечатам на мојот 3D принтер од ABS пластика.