Здраво дечки ве молам за помош, имам чуден проблем кој што се мачам да го решам долго време, па решив да се обратам овде.
Се работи за audi a3 2.0 tdi 2006 со 6 степенски мануелен менувач, колата ја поседувам 2 години. Имам проблем при менувањето на брзини повеќе од 1 година, кога ја земав колава менувачот шалташе без проблем се додека не се појави проблем со замаецот, го променив цел сет (потисна, ламела, замаец и друк лагер) од марката лук но проблемот не се реши. Проблемот е во тоа што при менување брзини од 1ва до 4та на рачката од мењачот осеќам отпор манифестиран со чудно гребење како рачката да удира во нешто. Доколку при менувањето брзина почекам една до две секунди отпорот го снемува. Исто така во 1 и 2 брзина кога ќе дадам гас рачката на мењачот се мрда, кумплугот е прилично тврд и ламелата одвојува многу ниско на некои 3цм што мислам дека не би требало да биде така. Кога времето надвор е поладно проблемот е зачестен, а кога колава ќе загрее малце е поблаго менувањето ама проблемот е сеуште тука. До сега променив уље во менувач кај митревски но тоа не смени ништо. Ве молам споделете мислење или искуство доколку сте имале ваков проблем. Фала однапред .