Фокус дизел мислам дека на акција одеше со некоја цена од 14500е во Тренд ниво на опрема.Меганот дизел се зима за таа цена во основното ниво на опрема ама нема кој да го понуди.Прчот кажа цена за Гт лајн опрема.
Очигледно е дека Ми-да многу подобро си ја брка работата,многу подобро го познаваат пазарот и подобри понуди имаат.Овие во Аутомотив се занесуваат и носат само скапи верзии демек у германија живееме.Маркетингот им е на многу ниско ниво,не памтам кога последно сум видел некоја акција или добра понуда од Аутомотив а народот очигледно е дека паѓа на тоа.Кај овие мора да одиш таму и да се пазариш ко на пазарче,е богами не сака секој така,кога од прва ќе ти распалат шашави 18 бона за Меган одма го напушташ салонот и одиш кај конкурентите.Македончето брка добра цена а не добра опрема!