Имаше една анализа во CAR Magazine за тоа кои брендови претеруваат со големината на логоата, а кои имаат дискретно-димензионирани обележја. Брендовите кои на овој или оној начин имаат нешто да докажат или сакаа да прикажат драстични промени претеруваа со логоата. Од друга страна, посамоуверените брендови имаа помали логоа.