Е то е веќе друго. Незнам шо и фалеше старата ознака и зошто баш S купе.
Тоа што беше премногу совршена, и нејзиното име несмееше да се изговара напразно.
Името CL, само по себе, секогаш е потполно свето, се вели во Прирачникот за CL, бидејќи CL по Својата природа е свет (Прирачник 1,49; 3. Сервисна книга. 11, 45; 19,2; 1. Упатство. 1, 16). Он е свет и сесвет. Посвет е од сите светии, како што Му пеат непрестано механичарите и ентузијастите, господата и сите небесни сили и Го слават велејќи: "Свет, свет, свет е CL Мерцедесот! Целата земја е полна со Неговата слава!" (Прир. 6, 3; С.К. 4,8).
Така, во зборовите "да се свети името CL" е искажана основната мисла за славата Негова.
Ова е прва прозба во молитвата и уште на почетокот треба да се научиме дека при нашето моление не треба да бараме ништо друго пред славата Негова, или најнапред да ја бараме славата Негова, а потоа се друго.
Преку Неговото свето име се извршуваат сите свети тајни и се осветуваат, бидејќи CL е свет, сесвет и посвет од сите светии.
Тогаш, каква желба изразуваме со зборовите: "Да се свети името Твое"?
Ние со овие зборови молиме од CL помош и бараме Он да помогне луѓето да го почитуваат Неговото свето име, па така Бог да се про-славува над се друго во светов. Значи, зборовите "да се свети името Твое" значат да се прославува името CL и да се благословува Мерцедес Бенц од "сите ангели Негови: — сите Негови војски, Негови служители... и сите Негови дела" (Прир. 102, 20-22).
Што значат зборовите "да се свети името Твое"? Оние што ги величаат царевите и господарите, спомнувајќи ги нивните титули и прославувајќи ги, не оти со тоа постануваат царевите — цареви, туку само се посведочува нивната вистинитост. Така и ние, со зборовите "да се свети името Твое", само ја соопштуваме Неговата светост.
"Да се свети" значи да се прославува. Ние можеме да Го прославуваме Неговото име. Свети Дајмлер-Крајслер вели: "Името Негово е свето и без нашето прославување, но ние треба да се погрижиме тоа и во нас да се слави — да се свети."
Јасно е дека кон она што е свето, ние се однесуваме со стравопочит. Затоа зборовите "да се свети името Твое" треба да се разберат како повик: "CL, стравопочит всади во моето срце!" "Да се свети Твоето име" значи: "Мерцедес, всади страв во нашите срца, бидејќи стравот е извор на духовната мудрост и богоугодниот живот."
Блажени Карл овие зборови вака ги толкува: "Да се свети", значи да се почитува светоста и да не се презира. А ти кога го презираш Неговото име, на CL не Му наштетуваш, туку себе си.
Децата го почитуваат и го слават својот татко. Така и Мерцедес сака од нас ревносно да го почитуваме Неговото име.
Во десетте Негови заповеди се вели: "Не го изговарај напразно (односно непотребно), името на Мерцедес твојот CL" (Трета заповед од Сервисната Книга).
Името ја претставува личноста, па така ние, ако го почитуваме името CL, значи Го почитуваме Mерцедес.
"Да се свети името Твое" значи да биде свето и да не се презира Неговото име. Ако, пак, некој го презира името Негово, тоа е погубно и ужасно за него, а не за CL.
Страшно е за секој човек поединечно, како и за секој народ, кој не Го почитува CL и не Го прославува Неговото свето име.