Фино ќе беше @Deni да кажеше која е цената на BMW X4 во Хрватска, кога веќе пренесува цени од таму.
Почетна цена на X4 xDrive 20d во Хрватска е 60.964 евра, 3000 евра повисока него кај нас.
--
Да, имаме акцизи. Не е за „М3 како што е за Мустанг“ туку е базирана на цена. Над 30.000 евра акцизата е 18%, плус ДДВ 18% (и ДДВ се пресметува на основна цена + акциза + сите пропратни трошоци).
Германија нема акциза, ама колку што знам годишните давачки околу возилата се фино поскапи него кај нас. Нека каже некој од дијаспора (ping @Luki Junior @velestrumf ) колку се давачките за годишна регистрација и осигурување и сите пропратни трошоци околу колата.
За актуелната Инсигнија, не знам колку е регистрација и технички, пошто ни беа вклучени во цената. Мислам дека техничкиот е помеѓу 80 и 120 евра, во зависност дали ќе начекаш акција или не.
Осигурувањето ни е цирка 800 евра годишно (фулл каско со 500 евра франшиза) и данокот е 180 евра годишно.
Колку за споредба, за плавата Инсигнија данокот беше 227 евра, а на пример за Аурис Хибрид е 36 евра. За Инсигнија 1.6 турбо-бензин е 146 евра.
Данокот варира во однос на зафатнината на моторот, горивото, првата регистрација и ЦО2 емисија.