Автор Тема: Opel Corsa D - Проблем со трокирање при поаѓање на ладно и влажно време  (Прочитано 4013 пати)

Отсутен neno_neno

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Здраво дечки,
нов сум на форумов и сакам да прашам за проблем кој го имам на мојата Opel Corsa D, 1.2 бензински мотор поминати 65К км.

Од неодамна колата почна да ми трокира при поаѓање во прва брзина (обично на сабајле при поладно и повлажно време). Откако ќе се смени во втора брзина, тресењето престанува. И тоа ова се случува во првиот километар, односно при првите 2 3 поаѓања. Потоа откако ќе се загрее, колата си работи нормално без проблем.
Ова почна да се случува откако паднаа температуриве (средина на октомври), а во денови кога температурата е повисока овој проблем го немам.

Дали некој од вас имал сличен проблем, и дали некој може да претпостави за каков проблем станува збор

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 863
  • Am386 DX/DXL-40
Дали имаш плин на колата? :) Ако не, може да е сензор за температура на вода. Ти свети check engine?

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Исчисти ја клапната и прекалкбрирај  ја за почеток.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен neno_neno

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Дали имаш плин на колата? :) Ако не, може да е сензор за температура на вода. Ти свети check engine?

Немам плин. На таблата не свети ништо, освен што се чусвтсвува трокирање. Во лер моторот работи нормално, исто и во рикверц како и сите други брзини. Ова се случува само во прва брзина.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
А додека не е загреана и во место пробаш да ја туражираш, сецка или нормално качува обртаи?

Ти трокира само додека да го пуштиш кумплугот целосно или и после тоа?

Отсутен neno_neno

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
А додека не е загреана и во место пробаш да ја туражираш, сецка или нормално качува обртаи?

Ти трокира само додека да го пуштиш кумплугот целосно или и после тоа?

Нормално качува обртаи незагреана при туража во место, нема никакво сецкање.
Трокира само додека го пуштам кумплунгот, при давање повеќе гас во прва брзина се избегнува трокирањето. Откако ќе влезе во брзина повеќе нема проблем.


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Друже имаш проблем со потисна/ламела. Тоа е повеќе тресење отколку трокирање. Ќе каже некој поискусен што е поточно проблемот.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
070278686 vanco - dr.za opel bez da nagagjas i da lutas

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 863
  • Am386 DX/DXL-40
Или можеби сензор за кумплунг. Во секој случај, дијагностика на компјутер. :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Влага која се ствара помеѓу моторот и менувачот, односно на ламелата.

Истиот проблем го имам и јас од day one. Нема лек, сега за сега.