Автор Тема: Голем сервис - VW Golf 5  (Прочитано 2592 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
Голем сервис - VW Golf 5
« на: 26 Ноември 2018, 14:10:11 pm »
Големиот сервис - водна пумпа кит со ребраст каиш конкретно за VW Golf 5 1.9 tdi 77kw, од официјалниот документ на VW пишува дека треба да се прави на 48 месеци или 128000 километри.
Кажете ми искуство во врска со ова?
За ребрастиот каиш ако се скине знам последиците се фатални што значи добро е да се промени.
За водната пумпа, што може да настани ако не се промени да речиме после 48 месеци?

Инаку јас имам поминато 40 000 километри од кога го направив овој сервис, в година во јуни месец поминуваат тие 48 месеци.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Голем сервис - VW Golf 5
« Одговори #1 на: 26 Ноември 2018, 14:40:35 pm »
Може да попуштат лагери на пумпата, да попуштат дихтунг/семеринг, да се скрши перка (зошто веројатно се пластични перките), да прегрее колата и да имаш ист или сличен цех како и со скинат каиш. Ова е теоретски, луѓе и по 15 години возат со истата пумпа па ништо не им се дешава.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
Одг: Голем сервис - VW Golf 5
« Одговори #2 на: 26 Ноември 2018, 15:54:51 pm »
Може да попуштат лагери на пумпата, да попуштат дихтунг/семеринг, да се скрши перка (зошто веројатно се пластични перките), да прегрее колата и да имаш ист или сличен цех како и со скинат каиш. Ова е теоретски, луѓе и по 15 години возат со истата пумпа па ништо не им се дешава.

Аха... ок,,, значи најдобро е да си направам сервис како што е пишано од VW :) tnx за инфо!
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005