Здраво дечки,
нов сум на форумов и сакам да прашам за проблем кој го имам на мојата Opel Corsa D, 1.2 бензински мотор поминати 65К км.
Од неодамна колата почна да ми трокира при поаѓање во прва брзина (обично на сабајле при поладно и повлажно време). Откако ќе се смени во втора брзина, тресењето престанува. И тоа ова се случува во првиот километар, односно при првите 2 3 поаѓања. Потоа откако ќе се загрее, колата си работи нормално без проблем.
Ова почна да се случува откако паднаа температуриве (средина на октомври), а во денови кога температурата е повисока овој проблем го немам.
Дали некој од вас имал сличен проблем, и дали некој може да претпостави за каков проблем станува збор