Апдејт на 85.600 km
Гуми:
За вториот сет зимски гуми се одлучив за Hankook i-cept evo3. Најсимпатични ми беа. Ќе видиме какви ќе бидат како зимски гуми. Сега за сега можам да кажам дека се по бучни него што очекував ама па ефтини се. Претходните беа одлични но по традиција никогаш не ги купувам истите.
Општо за колата:
APR ми ја одложи (намали) желбата за нова кола. Сериозно се осеќаат 68кс повеќе, па и моментот од многу повеќе Nm. Во бројки перформансите не можам во моментов да кажам, зошто сеуште не сум измерил. По препорака од APR не ја ебавам многу со тоа launch control без APR спојка. Стигната е но периодов од премногу работа а и премногу работа окулу авионот што го средувам, не сум стигнал да појдам до Солун работен ден. Максималната брзина сега е отворена и тоа што го постигнав беше 276 km/h (по брзиномер), немав услови за повеќе, а верувам дека ќе отидат уште неколку, барем да заокружиме на 280 km/h. Субјективно, по чувство мислам дека 0-100 би требало ако не 1, 0.8 секунди подобро од 0-100 а до 200 се неколку секунди.
Претходниот 2.0 тси (280), APR го мапираа во stage 1 скоро до 370кс, но на овој (co OPF) толку му е.
Повеќе од моторот ме очара мењачот. Сега е по мој вкус. И со брзина и со логика. И во двата мода на работа. Го нема веќе лагот за кој се жалев претходно.
Кошташе (до сега) 1560 евра.
Друго општо за колата немам што да додадам. Останувам на тоа што сум го напишал претходно. на 83.000 правев сервис (не знам кој по ред ваљда 8ми) кој вклучуваше сервис односно промена на уље во диференцијал и го правеа не во Шкода него у VW, као демек тамо се праело тоа. Очекував да биде поскапо од 250 јурци ама ете...
Сликички од гумите: