За евиденција: 95.000км. Не знам кој по ред стандарден сервис, оној со штопната. Плус на тоа заменети во гарантен период, амортизерите (така да ги наречам пошто не се амортизери) на петта врата. Нешто се расипа во нив и не се закочуваше најгоре туку попушташе. Прво почна по сантим па два па десет за на крај да не знам дали ќе ме опне по глава. Е доброто е што дознав дека гаранцијата ми трае до декември а не до минатиот декември. Не знам како и додадов една година плус на колава. Тоа е и причината што замре темата за мојата нова кола.
Друго, напраив јајце два од бандашите но ги исправив џам. Не тресеше ама нешто не ми праеше ќеф поготово на автопат. Имам чувство како да малку сака у десно. Отидов на кај оној у кисела вода што центрира, ја ебаваше едно саат, вика абе ово како ново нема што да се прави овде, вика види амортизери. Ок, одам на тестирање амортизери, добри, сеа не нови ама скоро... Се моткав се трткав, викам ај пак да видам бандаши. И на крај излезе дека гумите се криви.
Е сеа по вас што мислите криви гуми може ли да ми доловат млитава кола?