Автор Тема: Ashika - амортизери  (Прочитано 5473 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Ashika - амортизери
« на: 16 Октомври 2018, 14:18:19 pm »
Дали некој има некакво искуство со овој производител кога станува збор за амортизери?

Цената е пониска од другите брендови. Користев KYB една година и веќе се за менување. Купени беа од Грција преку посредник-фирма. Дали не беа монтирани како што треба(уште од прв ден имаше некое кликање). Во почетокот амортизацијата беше одлична, за со тек на време да стигне до состојба како да нема веќе амортизери автомобилот. На технички преглед после 6 месеци покажаа 55% двата предни(задните не се сеуште сменети, фабричките се користат и се на 67-69%).

Се мислам за Sachs, но пред тоа сакам да слушнам дали Ashika се вредни за разгледување бидејќи разликата во цена е околу 70 евра за пар.
Made in Japan ☮

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #1 на: 16 Октомври 2018, 14:23:34 pm »
Немаш гаранција на старите? Не е можно за една година да отидат толку многу, освен ако не ги форсираш по дупки нонстоп
Обично даваат до 3 години мислам на нови амортизери, јас на бившиот голф после 12 години фабрички му стаив Сакс и само пофални зборови имам за нив. Мислам дека беа со 3 години гаранција и знам дека дури после 5тата година на технички беа одлични.

Знам дека и Монрое беа на исто рамниште со Сакс, така да, јас би идел на една од овие две опции.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #2 на: 16 Октомври 2018, 14:30:06 pm »
Немаш гаранција на старите? Не е можно за една година да отидат толку многу, освен ако не ги форсираш по дупки нонстоп
Обично даваат до 3 години мислам на нови амортизери, јас на бившиот голф после 12 години фабрички му стаив Сакс и само пофални зборови имам за нив. Мислам дека беа со 3 години гаранција и знам дека дури после 5тата година на технички беа одлични.

Знам дека и Монрое беа на исто рамниште со Сакс, така да, јас би идел на една од овие две опции.
За жал немам гаранција, купени беа од продавница во Битола која увезува од Грција.
Инаку многу внимавам по дупки, најмногу заради бандажите.

Дали е можно од вибрации при кочење(кои се јавуваа додека не го решив проблемот трајно, а во меѓувреме ги рамнев дисковите 3 пати. Имаше периоди кога имаше вибрации при возење и по 1 месец без да можам да интервенирам да го отклонам проблемот, но тоа било само повремено, бидејќи тогаш возев многу умерено и одбегавав ситуации да треба да кочам.). Знам само дека уште кога ги монтираа на автомобилот, особено на левата страна, се јавуваше некое кликање при нерамнини. Променив буквално се, од јабучици до стабилизатори, се е ново, а истото тоа кликање постоеше и после промената на деловите. Дали биле оштетени при монтажа, дали не биле монтирани како што треба, дали имале фабричка мана...не можам да шпекулирам. Но едно е сигурно - дека постоеше некаков проблем уште од самиот почеток, веднаш после монтажата.

Како и да е, ги разгледувам Ashika како економична опција, но немам никакво искуство со тој бренд кога станува збор за амортизација. За други делови имам позитивно искуство.
Made in Japan ☮

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #3 на: 17 Октомври 2018, 09:10:16 am »
Ако цената го оправдува ризикот, се нови а не репарирани, секогаш е подобро тоа отколку да ги репарираш.

Инаку секогаш останува моментот некој да ти подвалил лоши амортизери. Јас имав сличен проблем со Монро, откажа едниот амортизер 3-4 месеци по истек на гаранцијата. Сервисерот рече дека бил избиен заради некоја дупка/нерамнина во која што удрил иако не беше баш така по мое сеќавање. Јас го сменив само едниот и покрај препораките за менување во пар, најмногу заради одличната состојба на другиот. Како што можеш да прочиташ, жив и здрав сум и колата не ми бега на лево/десно.
Ако зимаш монро, гледај да ја имаш гаранцијата од Автолидер. АКо ја нема, сметај дека не е оргинал.

Мислам дека овој бренд е претежно за источноазиски коли.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #4 на: 17 Октомври 2018, 11:28:11 am »

Ти благодарам на коментарот.
Ќе се обратам до Автолидер да добијам информација за цена и времетраење на гаранцијата.
Made in Japan ☮

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #5 на: 17 Октомври 2018, 11:48:39 am »
Една година, со 40-50 kkm се премалце за нови амортизери од KYB. Да ги тестираш прво во PSS па да видиш дали сигурно имаш проблем, или само не ти се по ќеиф?

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #6 на: 17 Октомври 2018, 12:14:34 pm »
Една година, со 40-50 kkm се премалце за нови амортизери од KYB. Да ги тестираш прво во PSS па да видиш дали сигурно имаш проблем, или само не ти се по ќеиф?
Се на се, до моментот кога осетив проблеми со амортизацијата поминав 10.000 км.
На технички покажаа околу 55%.
Во дупки сум погодил 2-3 пати можеби и тоа со мала брзина, низ град, можеби со 40 км/ч. И тоа е само ради пад на концентрација, не дека не ги знам на памет сите дупки и шахти каде се :)
Туку, до моментот кога беа мерени на технички тие немаа преживеано ниту една дупка, овие 2-3 пати се после проверката на која покажаа 55%.

Што се однесува до можноста да сум необјективен - има огромна разлика од кога беа нови до денес. Денес при секоја нерамнина се чувствува како грубо поминува автомобилот. Додека кога беа нови се беше пригушено, тивко, глатко, меко. Огромна разлика има. Башка и слушам звук кај левиот амортизер, нешто како кланк, на секој легнат полицаец. Тоа го слушав многу скоро после монтажата, уште кога беа нови. Но, покрај тој звук и самата амортизација постепено како да деградираше.

Едно можно сценарио според мене е да ми подвалиле кинески како KYB. Не дека нема копии, а и не дека се замарав да проверувам тогаш. Од вакви примери детално се информирам пред да купам нешто. Башка и од таа продавница имам купувано и претходно. Ама неможеш да им знаеш на луѓево, има и нормални има и клети, злобни,расипани. За мене редовен муштерија значи изградена доверба, за некој веројатно значи можност да стави повеќе маржа и да ми подвали нешто за кое не би се посомневал дека е фалсификат, бидејќи нели - довербата е изградена.
Made in Japan ☮

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #7 на: 17 Октомври 2018, 12:53:38 pm »
Дефинитивно 55% се малку. За таа километража 85% е ниска бројка. На мојата кола оригиналните се, од пред 11 години и сигурно има саглам километри поминато од кои јас 30 ккм и на последното проверување во Март сите беа над 85%.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #8 на: 17 Октомври 2018, 13:54:16 pm »
Дефинитивно 55% се малку. За таа километража 85% е ниска бројка. На мојата кола оригиналните се, од пред 11 години и сигурно има саглам километри поминато од кои јас 30 ккм и на последното проверување во Март сите беа над 85%.
И на мојава оригиналните се возеа 17 години. После 17 години стигнаа на ниво како новиве после една...
Најверојатно некој кинески плагијат ми имаат подвалено.
Made in Japan ☮

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #9 на: 17 Октомври 2018, 17:00:36 pm »
Поучен од претходното искуство се мислиш дали да ставиш АШИКА кои врло веројатно могуче е да се исто така со сомнително потекло!

Не бе, изгледа немаш попаметна работа од дремење по сервиси.

Одма отвори нова тема "Проблем со амортизери, се слуша тропкање"

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #10 на: 17 Октомври 2018, 21:12:31 pm »
Поучен од претходното искуство се мислиш дали да ставиш АШИКА кои врло веројатно могуче е да се исто така со сомнително потекло!

Не бе, изгледа немаш попаметна работа од дремење по сервиси.

Одма отвори нова тема "Проблем со амортизери, се слуша тропкање"

Твојот заклучок може само од нафталин да се извади.

Ама заклучок дека си бескорисен и дека си тука за тролање можам да го извлечам судејќи по твојов бескорисен одговор во мојата тема. Дремиш по форуми за чамче муабет?
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #11 на: 24 Октомври 2018, 16:38:16 pm »
Значи никој на форумов нема купено Ashika амортизери. Тоа е заклучокот.
Made in Japan ☮

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #12 на: 24 Октомври 2018, 21:20:50 pm »
Стај си Ашика, си имаш 2 години писмена гаранција. Ашиката се произведува во Јапонија и нема шанса да е со сомнително потекло ако ја купуваш од Солид кој е оофицијален увозник на брендот. Оди во продавницата во карпош и побарај го Лазе и ќе завршиш работа.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #13 на: 24 Октомври 2018, 22:40:02 pm »
Стај си Ашика, си имаш 2 години писмена гаранција. Ашиката се произведува во Јапонија и нема шанса да е со сомнително потекло ако ја купуваш од Солид кој е оофицијален увозник на брендот. Оди во продавницата во карпош и побарај го Лазе и ќе завршиш работа.
Во продавница во Битола ми кажаа дека имале 1 година гаранција и тоа исклучиво да се монтираат во овластен сервис.
Сигурен си дека се со 2 години гаранција?
Made in Japan ☮

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Ashika - амортизери
« Одговори #14 на: 25 Октомври 2018, 07:46:08 am »
Најсигурен сум. Јави се во Солид прашај за гаранцијата и за цена може и поубава цена од продавницата во Битола имаат па ќе ти пратат по карго.