https://www.carclub.mk/2018/10/09/reportaza-continental-black-chili-driving-experience/Едит:
Малку за колите.
1. Tesla Model S.
Интересна е, пошто електрична, и интересно е сето тоа цели 20-тина минути. После легнува фактот дека е досадна, тешка и у суштина, електричен muscle car. На правец интересна, во кривини се губи. Али интересна. Build quality е сра*е кроз густо грање. На 100 на саат бучи од сончевиот кров као у кабриолет да сум. Али финта кола, факт.
2. Porsche Boxster
Мојот фејворит од сите овие, барем од аспект на забава. Картингче, дури и основната верзија со 300 коња. После Теслата, ко прероден. И звук, и хендлинг, и све. Плус патиштана... Не сум возел по такви патишта до сега, и морам еден ден да одам пак.
3. Audi RS3.
Како што напишав во текстот, една од најбрзите поинт ту поинт коли на планетава. Насочи каде сакаш да одиш, педалата до доле, таму си. Малку стерилно управување, ама па тоа и се очекува од Audi. Импресивно компетентно. Звукот е одличен. Браво.
4. Mercedes-AMG C43
После Boxster-от и RS3-ката, Mercedes-от е малку бродест. Во суштина, повеќе е крузер. Звукот е најбољи од сите. Пука, рже, грофта, све по список. Во тунели е оргазмично.
5. BMW M240i
Најблиску до Boxster-от, сериозно. Импресивно количе, особено ако се земе предвид друштвото во кое беше. Многу, многу поцврсто и подинамично од мерцедесот, а и добар звук вади. Осмех од уво до уво.
Overall, многу добар настан. Коли, патишта, места, гуми, све... Браво!