Автор Тема: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec  (Прочитано 17989 пати)

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« на: 02 Октомври 2018, 17:50:51 pm »
Дојде време да го претставам моето второ возило. По 17 месеци поминати во нервози со мојот прв автомобил (црвена Opel Calibra 2.0 16v DOHC), решив да си ја пробам среќата по втор пат. Овој пат во малку по скромна варијанта, но мислам дека ќе ме служи подолг период.
произведена: 1996 Април (според упатството)
прва регистрација во Македонија: 2010
изминати километри: 260000



Мотор: 2.0 16v - Ecotec (X20XEV)
engine displacement: 1998cm3
compression ratio: 10.8 : 1
Power: 136 hp/5600 rpm
Torque: 188 Nm/3200 rpm
0-100 km/h: 9.5 sec
Top Speed: 215 km/h
Weight: 1360 kg (во сообраќајна)

причината поради која ја избрав токму оваа е тоа што е премногу тивка (и покрај remus издувот). за разлика од предходната калибра која го имаше помоќниот мотор со 150hp, овој е малку послаб но е подобро избалансиран што значи -> помалку бука и вибрации (двете работи кои ме вадеа од такт предходно).

опрема:
ABS,
серво,
електрика на стакла и ретровизори,
сончев кров,
кожен ентериер,
греачи на предни седишта,
клима уред,
инструменти за напон акумулатор и притисок на масло (фабрички).

следуваат повеќе слики со подобар квалитет до крајот на денот..










« Последно менување: 02 Октомври 2018, 19:07:56 pm Indigo »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #1 на: 02 Октомври 2018, 17:54:45 pm »
Честитки, ќе бидам безобразен што ќе те прашам, ама оти место 2 калибри во кои што вложи доста не купи една по можеби и пониска цена ама да е ко шо треба. За на стратро мислам.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #2 на: 02 Октомври 2018, 17:56:24 pm »
Честитки, ќе бидам безобразен што ќе те прашам, ама оти место 2 калибри во кои што вложи доста не купи една по можеби и пониска цена ама да е ко шо треба. За на стратро мислам.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

неможев да издржам уште 3-4 месеци, секое влегување во црвената ми го уништуваше денот. веќе ја продадов инаку.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #3 на: 02 Октомври 2018, 17:59:17 pm »
Знам дека се жалеше од црвената дека те кошта премногу. Како и да е се надевам дека ќе ја средиш по твој вкус

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Skopxy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #4 на: 02 Октомври 2018, 20:07:35 pm »
Честитки дечко со здравје да ја возиш и фрли тоа штоповите и  патосниците што побрзо....:-)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #5 на: 02 Октомври 2018, 20:16:17 pm »
Уба да му биди среќата. Патосниците катастрофа и земи тие украсните пластики под праговите исчисти ги или исфарбај ги  :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #6 на: 02 Октомври 2018, 20:38:24 pm »
260к километри, надежта нешто многу оптимистичка.

Секако, нека те следи среќата.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #7 на: 02 Октомври 2018, 20:58:20 pm »
Помалку нервози и повеќе уживање, со здравје да се служиш!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #8 на: 02 Октомври 2018, 22:03:20 pm »
Со здравје да се вози.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #9 на: 02 Октомври 2018, 22:04:42 pm »
260к километри, надежта нешто многу оптимистичка.

Секако, нека те следи среќата.

наредна прилика кога ќе се видиме ќе ти дозволам да затвориш врата, хауба, гепек или да притиснеш било кое копче во ентериерот, а потоа верувам дека и ти ќе бидеш оптимист.


штоповите, патосниците и шкргите на крила ми се оставени во аманет.  ;D
« Последно менување: 02 Октомври 2018, 22:15:58 pm Indigo »

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #10 на: 02 Октомври 2018, 22:47:42 pm »
патем, ако познавате некој што може да ми го среди возачкото седиште (притоа да не се приметува дека е поправано), оставете ми контакт.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #11 на: 02 Октомври 2018, 22:53:29 pm »
патем, ако познавате некој што може да ми го среди возачкото седиште (притоа да не се приметува дека е поправано), оставете ми контакт.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
https://www.facebook.com/Leather-Repair-%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B6%D0%B0-Reparacija-na-kozha-433644820169144/

Види овие што ќе ти кажат...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #12 на: 02 Октомври 2018, 22:57:58 pm »
патем, ако познавате некој што може да ми го среди возачкото седиште (притоа да не се приметува дека е поправано), оставете ми контакт.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
https://www.facebook.com/Leather-Repair-%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B6%D0%B0-Reparacija-na-kozha-433644820169144/

Види овие што ќе ти кажат...

во Охрид се тие. што и да кажат џабе :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #13 на: 02 Октомври 2018, 23:02:52 pm »
Па во Охрид се, не се во Владивосток е*аго ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Calibra 2.0 16v Ecotec
« Одговори #14 на: 02 Октомври 2018, 23:15:13 pm »
Па во Охрид се, не се во Владивосток е*аго ;D

2000 денари ќе ме фати за патни трошоци Скопје - Охрид - Скопје. тоа се пари фрлени во вода.