Јас сум на мисла за ставање зимски гуми(за кои гуми е мислата, не за дали треба) неделава се утепав од читање тестови, па бев по овие што продаваат гуми да ги споредам у живо и на крај ми текна дека ништо неразбирам за гуми и џабе се шетам и пипкам гуми. Плус тие у салоните лажови невидени, продаваат прикаски за поефтините гуми некажуваат што е разликата, најбитно која премиум бренд праи гуми у истата фабрика...
Затоа на крај решив да си прашам тука некој ке се најде со искуство со 225/50 Р17 валда.
Разгледував повеќе брендоови и незнам дали се исплати да земам некој премиум бренд зимски зашто невозам агресивно и тие разлики у кочење/управување незнам дали би ги приметил. Денес ако беше последен ден за купувањее гуми би купил Hankook i-cept evo2, некако ми се видоа најдобри за парите.
Генерал тајр може не сум у право ама прво нешто што ти го кажуваат за гумата е дека континентал ги праел одма имам сомничав поглед,
Нокиан ми се видоа многу картонски некако и брзо се трошат според интернетот, ама на тестови се добри у зимски услови.
Континентал незнам дали се исплати разликата од ханкок до континентал, можам да возам 5км/х поспоро и да заштедам ~9-10 илјади ми изглеа како добра понуда тоа
