Со сета почит спрема сите, ама многу го тупите. Абе јас каде што живеам во поларна клима со мразови и глупости не се замарам како вие тука со клипови, чинеле не чинеле. Јаките зими во Македонија ебате.. земете нормални зимски гуми и возете според условите на патот. Точка.
Јас имав многу непријатно искуство со црн мраз каде што ни зимска ни летна ни поларна гума не те спасува. Евентуално гуми со метални шилци може да ти помогнат при контрола. Проблемот со такви гуми или со поларни (апла зимски гуми крампонки) е освен што се гласни, најголем проблем е кочење на суво. Полошо кочат и од летни гуми во зима на суво и тоа може и аматер да го примети. Не се работи за 5-6 метри туку многу повеќе. Вакви гуми прават смисла само доколку живеете во ненаселно место каде што не се чисти снегот редовно. Возење во град со такви гуми е штетно и за тебе, за твоите финансии и за тие околу тебе. Да се вратиме на темата за црн мраз - кочиш и сфаќаш дека ништо не се дешава, туку се лизгаш. Во такви моменти само право држи волан и пробај да намалиш брзина со моторно кочење.
Купете она што може да си го дозволите и не се замарајте дали ханкок кочела 5 метри повеќе од континентал. Ве молам, муабети од типот на тие 5 метри може да значат живот или смрт се тотално губитнички муабети без никаква поента. Вие самите како возачи возејќи одговорно имате многу поголема контрола за разлика од тие 2 метри.