Имам човек што работи таму, па ако е толку битно може да се добијат информации од прва рака. Нелогично би било тигар сам да развива технологија кога може да искористи некоја 15 годишна од мишелин.
Јас работам моментално таму, па разговарам со луѓето.
Тигар во Пирот е фабрикиште какво што ретко кој видел. Огромно нешто. Прават најразлични гумени производи од гуми, до обувки до резервоари за борбени авиони за Америка и Русија. Имаат менаџерски тим од 9 луѓе од кои 7 се доктори на науки во соодветните области.
Е сега, они велат дека секои неколку години прават ревизија на составон на гумата и ја менуваат за да направат најголема заштеда во цена на суровини, додека дизанот на Wintera не е чепнат со години. Јас кога прашав за врската со Мишелин рекоа дека немаат никаква врска Мишелин со нивната работа. Wintera се прави за локалниов пазар и по перформанси не смее а ниту има економска исплатливост да парира на Мишелин. Тигар не користи никаква Мишелинска технологија туку ја користи онаа која самите си ја развиваат во соработка со други фабрики од Полска, Словачка и Русија. Гумата е дизајнирана за балкански зими и за балкански буџет. Според нив е најдобра гума во поглед на цена/перформанси и со оглед на цената која е најниска од сите, можеби и се во право.