Дали е точно дека ако имаш зимски гуми на колата, не ти следува казна од џандарите заради непоседување на "зимска опрема" т.е ланци?
ПС: Под зимска опрема се подразбира следново
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Јас како што гледам од правилников, или треба да се поседуват зимски гуми со најмалку 4 мм шара, или да се поседуват летни гуми но задолжително у гепек да имаш ланци....