25% попуст е, како што пишав.
Јас имав континентал кои што ги возев 8 години на 306-ката, возени беа околу 40 000 километри.
Гумите станаа камен тврди, веќе после 6-тата година, беа испукани како од нагазната површина, така и од страничната и ми беше страв да ги возам повеќе.
Колата беше чувана во гаража, значи изложеност на надворешни влијанија сведено на минимум, + 5 години се возеа само како летни.
Така да незнам дали искрено вредат и за 50% поефтини да се купат со 5 години старост, секако складирани.
Дали прописно или не, незнам, веројатно складирани колку да стојат.
Таа што им е на полица е станата сива.