Во два дена по ред, прво едната па другата гума, едноставно си се одлепија од бандажот. Втората се одлепи на тргнување од бензинска. Денес одам на вулканизер, му викам едноставно се издишаа и се одвоија од бандажот, и одма ми вика, Сава ти се? - ДА!. Вика тоа е мана на Сава гумите, после 4та година, иако не се возени, самите си се шират во спојот со бандажот и се одлепуваат. Ми рече под итно да ги сменам, додека не ми издишале на кривина.
Тој ми понуди Матадор зимски, 6 300 две со монтажа. Жиле ги фалеше Барум. Некој совет за друг модел? Веројатно ке се возат само зимно време, па да не бидат прескапи.
Имаше едно време понуда во Олимпико, ако купиш три гуми, четвртата е гратис. Дали има некој информација дали уште важи понудата?