Денес интересна ситуација. На едното твинго ги ставив зимските Nokian WR а на другото твинго уште се Conti PremiumContact2 летните гуми.
Денес ги возев двете по дождот.
Нокиан е очајно лоша гума за по мокро, поточно ваква временска прилика како денес.
Твингото со контито требаше машки да се стисне за да зашлајфува или да уклучи ABS-от, додека твингото со Нокианот си шлајфуваше и ABS-от беснееше како да возам по мраз.
Уште еднаш Нокиан... НЕ!
Летна гума кочела подобро од зимска гума при температури далеку повисоки од 7 степени?
И ти се чудиш?
И згора на тоа извлекуваш заклучок за квалитетот на марката??
На истиот начин јас можам да „докажам“ дека тигар се бољи од бриџстоун: ќе земам зимска тигар и летна бриџстоун и ќе ги тестирам на -2 степени.
По не знам кој пат: дилемата зимски или летни гуми не се однесува на вакво или онакво време, туку на ваква или онаква температура. Ако температурата е над 7: летните се подобри, без оглед дали е суво, дали врне или што веќе. Ако темпретаурата е под 7: зимските се подобри, без оглед дали е суво, дали врне или што веќе.