Попладнево се одлучив за 4 гуми Fulda Kristal Montero 3. Првичниот впечаток е одличен, во споредба со летните Dunlop изгледаат како небо и земја, а мислам дека и цената беше пристојна, вистински best buy.
Е сега ми треба совет како да ги складирам старите односно летните гуми, во која положба да ги чувам, дали треба да се ротираат по некое време, дали треба да се премачкаат со некое средство за конзервирање и сл.