Дечки дали е подобро да наместам 2 гуми со екстра квалитет напред на погонските тркала а на задните тркала да останат летните гуми или да наместам на сите 4 тркала зимски гуми со среден квалитет?
Понатаму, што мислите за Firestone WinterHawk EVO2? Како се споредуваат со Fulda Kristal Montero 3? Денеска ми ги понудија по цена поевтина од таа на Fulda-та. Со неколку луѓе со кои разговарав меѓу кои и еден вработен во вулканизер ми препорачаа помеѓу овие 2 марки да ги земам Firestone-от, наводно биле драстично подобри, но на неколку тестови Fulda-та имаше повисоки оценки, додека на налепниците двете гуми имаа ознака C за држење на пат.
Ве молам за побрз совет.