Законската обврска за носење зимска опрема почнува на 15-ти Ноември и трае до 15-ти март секоја година.
Но, покрај временскиот интервал определен со законот, за пневматиците зимата започнува во моментот кога температурата ќе падне под 7 Целзиусови степени. Во текот на зимата климатските услови се поинакви од оние во летниот период и затоа потребно е користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена. Затоа, летните пневматици треба да бидат заменети со зимски поради следниве клучни карактеристики:
- Материјалот од кој што се изработени зимските пневматици има додаден силициум кој ја зголемува неговата еластичност на температури под 7 степени, а воедно и ја подобрува ефикасноста во управување на возилото;
- Зимските пневматици имаат подлабок дезен и пет пати повеќе ламели кои се однесуваат како илјада мали канџи кои се држат за патот;
- Поради својот карактеристичен дезен, зимските пневматици полесно ја исфрлаат водата и овозможуваат оптимално лежење на патот во зимски услови на возење;
- Поголема допирна површина на пневматикот која во текот на возењето создава вакум и не дозволува пролизгување на пневматикот, што е особено важно во услови на заледен пат;
- Илустративно, разликите при користење на летни и зимски пневматици во зимски услови на возење се следниве:
- Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на заледен пат е долг 57 м.
- Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на заледен пат е долг 42 м.
- Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на влажен пат е долг 44 м.
- Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на влажен пат е долг 36 м.
Со користење на зимски пневматици значително ја зголемувате Вашата сигурност, ги намалувате ризиците и ја зголемувате стабилноста на Вашето возило во зимски услови на возење.