Мислам дека сите знаеме што е најдобро, два сета со премиум гуми, ама за некој што поминува најмалку по 15.000 км годишно, со чести излети надвор од градот.....ама за некој што поминува 6-7000 км годишно во строго градски услови тоа е просто неисплатливо и нелогично.....све си зависи од случај до случај
Мојот случај е второто use case сценарио. Накај 7К км некогаш максимално 9-10К, само што не строго строго градски услови туку третина/четвртина се возење надвор од град.
Не ми е јасно зошто бирање добра гума би било „неисплатливо и нелогично“. Баш поверојатно е дека гумите ќе се сменат од старост а не од трошење, што значи дека инвестицијата е за подолг период. Подолг период во кој возиш гума со одлични перформанси... Мислам не дека тоа е гранција некаква, џабе се и најдобрите гуми за глупости од возачот (или виша сила, скраја да е). Ама некогаш па сантиметри одлучуваат и подобро е таа варијабла да биде што поповолна.