Види сега, од ланските муабети испадна дека сепак користиш 2 сета, летни и целосезонски за зимски период.
Тоа е сосема друг начин на експлоатација на целосезонските од "вообичаеното", односно ставаш и возиш лето/зима.
Целосезонските по 30.000км, односно по 2 лета нема да бидат ефикасни како додека биле нови (секогаш имам во вид возење во снежни услови).
И сега нормално ќе следат муабетите колку имаме снежни денови во годината
По таа логика може да се прогура и со летни

ПС да не се разбереме погрешно, не сум противник на целосезонските, коректно ќе си завршат работа во тек на неколку години и ќе се избегнат компликации со чување и менување 2 сета бандажи, но и да не се очекува премногу од нив.