Кинеска или но нејм гума никогаш нема да ставам на мое возило,односно мин.ми е Сава па нагоре и буџет од некои си 50е по гума.Некаде околу 2000-2500км би поминал во зимскиот период претежно градска и релација Кавадарци-Скопје,два три пати Михајлово и само таму најверојатно ќе видам и снег.Колку што гледав Савата е нешто под БФот по перформанси,но БФот е под Ханкукот,па Ханкукот е под Гудијарот,па Мишелин -Континентал и се така од 3000ден па до преку 6000ден по гума.Димензијата е 205/55 R16 и ќе се вози на А4 Б6 TDI 131hp.Уште ден два ќе размислам таман и К15 треба да пуштат па ќе пресечам.
За толку мала километража зимски период мислам дека Сава ќе ти врши работа. Не знам дали на тестовите има голема разлика од Сава и Гудриџ, на снег би требало да се тука некаде, ама треба да се види која подобро се однесува на сув и влажен коловоз на ниски температури.
Инаку, конкретно за мене, во димензија 195/65/15 би имал само еден избор, Конти, по цена од 3.700 ден и во овој случај и те како вреди разликата од 700-800 денари од на пр Сава. Возев Конти 6 години на Голфот и не ме изневерија ниту еднаш, во секакви услови. После 6 години не беа упластичени и имаа шара од околу 6 мм.