Ханкук во 185/60/R14 димензии немаат во стоп ен гоу веќе десетина дена, и нема ни да имаат во скоро време.
За слични пари во Олимпико имаат BFGoodrich ама постариот BFGoodrich g-Force Winter, не е Winter 2.
Kleber Krisalp HP3 ги нема во моите димензии.
Опциите што остануваат се Аполо (као оем од Вредштајн) за кои никој овде не пренел искуства (а наводно има добри тестови), или директно да одам на TS860 кои ми се надвор од буџет.
Буџетот би го растегнал некако ама не би пазарел пак од Мотоцентар, пошто нефер не признаа рекламација на една од Мишелин летните гуми иако имав и доплатена додатна гаранција. Крива беше едната гума, а ме убедуваа дека бандажот е крив иако претходно ги исправав бандажите кај Борче. Дека гумата е искривена потврди и Глигор кога му ги носев на исправање челичните бандажи.
Во Олимпико има BRIDGESTONE BLIZZAK LM001 значи не новиот LM005, на тестови
не се ништо посебно, и по цена не се баш и толку далеку до Континентал TS860.
Континентал никој друг не продава освен Мотоцентар?
Некои други мислења, идеи и предлози?