И мене не ми признаа деформација на една гума, еден месец потоа.
Досега немам слушнато дека некому му замениле гума во гарантен рок.
Јас имав осигурање на гумите од Мотоцентар, скинав ѕид од гума и ми ја сменија со нова без забелешка.
Уште сум им лут што на наградната на Континентал ништо не ми дадоа а имам купено 4-5 сета Конти, се кладам дека наградите ги лапал некој што нема купено ниедна Конти.
Тоа ќе речев... Ако според нив не е крива, можеш намерно да ја скинеш и немаат изговор да не ја сменат, дека е осигурена од се. Не е убаво да се прават такви работи, ама они почнуваат.
Гаранција и осигурување не е исто, барем според мене.
Тогаш немаше осигурување, морав да им ја оставам гумата демек на вештачење. На страничниот ѕид се појави деформација и во извештајот од експеризата беше наведено дека деформацијата настанала како послеџица од нагазување предмет (камен) со "конкретен опис" на кој не се сеќавам.
Се кладам дека ќе пишеа тротоар како што веднаш претпоставија во продавницата да не бев категоричен дека воопшто не сум се качувал на тротоар за тие 20тина дена.
Опцув во себе и си купив нова гума.