Дипломат летни гуми возел некој од вас?
195/65/15 4 гуми со монтажа за 9200 денари гледам ги даваат, goodyear демек е нешто мајка фирма на овие, произведени во Франција.
За 1500 денари плус имаш брендови како Hankook кои котираат одлично на официјални тестови, се релативно тивки и имаат низок отпор.
Јас не би се потпирал многу на државата на производство, и во Франција може да се произведе гума со крш компонента (и потенцијално само за извоз надвор од ЕУ поради неисполнети минимални стандарди, ова лупам ама веројатно е можно).
На времето, за југото имав купено 2 половни мишелинки од автопазар.
Едната цвилеше на вртење. Проверував предница, притисок на гумите, се беше ок.
Случајно приметив дека таа што цвилеше е произведена во Шпанија, другата беше во Франција.
Не бев многу сигурен дека е до земја на потекло и набрзо потоа ги баталив и купив некои Гудјарки, немаше цвилење.
Мислам дека и тоа како има улога земјата на производство во однос на употребените материјали (состав) на гумата.