Конечно, гумите видоа снег. Онака, не баш најтешка зима во историјата на возење на зимски гуми. Сепак доволно за да се проба и види колку ги бива алсезонкиве на Мишлин во малце посериозен зимски предизвик. Сепак поминав некаде 30-40мин на истото место каде што се првртеа тие кај Бунец, пред да се случи тоа. За некој кој не ја сфатил сериозноста на условите завшила кобно.
Услови на пат:
- Надворешна температура -2 до -4 C.
- Тазе снежна прекривка околу 3-5 cm. Снегот - мешана состојба помеѓу сув ненатапкан, подмрзнати сегменти прекриени со снег и каша.
Впечатоци:
- Гумите се доволно добри за да се носат со предизвикот. Комотно возење со брзина од 40-60 км/ч. без потреба за корекција на тракеторија или да се вадиме од проилизгување.
- Возев со исклучена DSTC со што контрола на торкот пренесен на гумите го правам по осет. Воопшто немаше потреба од многу корекции освен во еден или два случаи кога требаше малце да интервенирам за да се придржуваме кон патеката што гарантира сигурна маргина за интервенција во непредвидени случки.
Се' на се', гумите се одличен компромис за да ти овозоможат одлични возни карактеристики во услови на влажни патишта при ниски температури, и сепак доволно добри за да ти овозможат безбедно да се помине низ тешки зимски услови.
Да не обајаснувам многу, еве едно видео на качувањето, до пред паркингот. Ведеото е забрзано 3х. Подоцна ќе го склопам тоа на враќање до браната, со оглед на тоа што цел ден врнеше снег и условите на пат не се подобрија на враќање.
И назад до Бунец: