Е де, побарал човекот мислење т.е. искуство од користење. Оти потресување? :]
А со паметно возење - да, секоја гума ќе биде добра.
Сепак, сè уште стои јанѕата дали ќе се дупнеше ако беше друг бренд.
Само што не знам дека не сум возел со други и тоа е теорија. 
На под 20км на час, мало застранување за да избегнам идиот што ми влета на улица од тротар и - ДИНГ! Го дупнавме гумата!
Многу меко братски, остај ти потресување
))
За на снег, не би рекол. Колку сакаш биди паметен. Сега кога те прочитав, и мене ми се дупна Савата од страна, само што ја допрев, јес да ќошето и си беше шилесто, ама да, у глобала се меки гуми.
Ај сеа да кажам ред-два за Comforserot што ги земав.
Гумата си е ок за цената, да не речам (уште на снег не сум ги пробал) ама досега си бркаат работа. На суво не пролизгуваат при јак старт, на мокро тек-тук зависи од местото, за кочење добри и на суво и на мокро, едина маана што ја кажав и предходно, бучавата. Приметив дека на што повисоки температури, обично периодов од 8+ степена доста си бучат, на пониски не се толку. У глобала, јас задоволен.