Pred 30 godini koga imase tristacu, fikjovci, jugovci nikoj pojma nemase letni zimski pa site ispokrseni bea.
Пред 30 години кога не знаевме за летни/зимски, и самите гуми биле проектирани за какви такви перформанси во сите временски услови и сезони. Затоа нивните перформанси биле не-баш-најдобри ни во лето ни во зима.
Откако почнаа гумите да ги прават сезонски, летните стануваат се повеќе ориентирани кон перформанси, добро прилепување на суво и топло време, помалку трошење и сл, но ако ги ставиш на снег - за qr не ги бива. Исто и со зимските, само во обратна насока. Убави за зима и ладни временски услови, ладен влажен асфалт, малце снегче/мразче итн. Ама стави ги на 70 степени асфалт - мастика. Ај што ќе се истопи/истроши, ама малце појако запни ја по кривини и одма ќе си осетиш како колата од 1.5 тон сака да излезе на погрешно место од кривина

Пред 30 години возевме 145/80/13, сега возиме 225/45/17, малтене две ширини (ако ја измериш нагазната површина сигурно се две) од она што било пред 30 години.
Споредбите со она што било пред 30 години и како тогаш се возело, (барем за нас кои памтиме од тоа време), се апсолутно несоодветни.
Кој памти, ќе памти и дека секое идење до некој ски-центар по снеговито време било пропратено со помагање на некој со пезетка или тристач или опелче некое да го изгураш да тргне, да може да продолжат другите да се движат.