Димензијата на гума 195/60 R15 е скапа затоа што најверојатно не е стандардна димензија. Јас возев такви гуми летни, па кога дојде ред да монтирам зимски, барав иста таква димензија и цената беше околу 500-600 ден. поскапа од гумата со димензија 185/65 R15. Добив препорака од пријател дека поради нестандардните димензии е скапа и дека може да се оди на некоја друга варијанта која што би била компатибилна.
Проверив во калкулатор за гуми и испадна дека нема да има никаков проблем да се монтира таа гума и нормално, го направив тој избор (Hankook iCept RS2 185/65 R15).