Зимските гуми не се корисни на потопло од 7 Целзиусови степениСопирачкиот пат кај возилата е за 18 метри подолг отколку кај летните гуми, предупредуваат германските експерти
Горан Адамовски
Зимските гуми, кои се задолжителни за возилата во периодот од 15 ноември до 15 март, се нефункционални кога температурите се повисоки од седум Целзиусови степени, колку што се деновиве. Патот за кочење е многу подолг отколку кај летните гуми и тоа може да предизвика контраефект на безбедноста во сообраќајот. Ова се дел од наводите во истражувањето на германскиот ДВР (Совет за безбедност на патиштата), кој вршеше споредба меѓу корисноста и штетноста на зимските и летните пневматици. Експертите што ги консултиравме во нашата земја, не мислат дека законскиот пропис за задолжителна зимска опрема треба да биде еластичен и да биде оставено на граѓаните самите да одлучат кога да стават зимски гуми.
Странските вештаци укажуваат дека зимските гуми на температура повисока од 7 Целзиусови степени, многу послабо се прилепуваат и тоа влијае врз контролата на возилото, како и намалена стабилност во кривините. Во истражувањето на ДВР се наведува дека поради зголеменото трошење на зимските гуми (слично како што се троши гумата за бришење молив), сопирачкиот пат е значително зголемен.
„На сув коловоз, при брзина од 100 км на час, сопирачкиот пат на возилото со зимски гуми е за 18 метри подолг отколку кога на него би биле монтирани летни гуми. Кога на возилото се ставени гуми за сите годишни времиња, патот за кочење е 14 метри подолг отколку кај летните гуми. Во моментите кога запира автомобилот со летни гуми, оној со зимските се движи со брзина од 57 км/час, а во такви околности евентуален судир може да биде фатален“, предупредуваат Германците.
Имајќи предвид дека периодов температурата во Македонија е повисока од 7 Целзиусови степени, се поставува прашањето дали на нашите возачи би требало да им биде дозволена можност самите да одлучат кога ќе ги постават зимските гуми, следејќи ги временските услови?
„АМСМ смета дека сите учесници имаа обврска да го подготват возило за во зимски услови и да ја проверат неговата исправност затоа што во зимски услови сообраќајот е отежнат. Секако дека апелираме за ...
http://www.utrinski.mk/?ItemID=86969466397E874E87C422BFABBFA55D