djidji за снег нее толку проблем, ќе се снајдеш со ланци, чорапи, хулахопки... ама што правиме кога надвор е 3°C или -5°С а нема снег??
Тогаш летната гума не е више гума него пластика!
Aх бе дечки ... Незнам од кај си, кој си, што си, години и сл., ама еве од искуство можам да ти кажам нешто (не мислам на тебе конкретно - зборам генерално за сите):
Возачка имам 22 години, а возам преку 25 години сигурно. 23 години живеев под падините на Шар Планина и секоја година фала Богу имавме снег во неограничени количини од Ноември, па све до Март, некад и на пролет. Сум возел (и лично поседувал) коли со погон на предни и задни тркала, како и со мотор напред или назад. До пред незнам, 10 години незнаев дека воопшто постојат зимски гуми, односно читајќи ги аутомото магазините сметав дека тие се некои специјални гуми произведени само за услови како во Канада, Скандинавските земји и тн. Кој би поверувал дека во услови на глобално затоплување ќе затребаат и кај нас на југот ... Прифаќајќи го законот за дневни средни светли све ми стана јасно. Порано ни времето не се менуваше летно - зимско ! Чудни се овие од десницата - копираат све гутајќи кнедли по цена и да се задават ... Имав прилика пословно да возам редовно секоја недела за Селце, Гајре, Шипковица, Луковица, Вруток, Равен, Групчин (селата) ... Ако не знаете каде се овие Тетовски села побарајте ги на карта. Возев Тигар, Трајал, Сава и тоа летни т.е. само такви имаше (Савата ми ги донесоа од Словенија, а да ти биле втора класа-до 80км/час, ја појма немав и возев до 140, па и колку одела колата. Дознав кога ги менував ...). Додека беа нови немаше ама баш ниакви проблеми да се искачиш на Шапка на пример или Колтук, Два Бреста, Поток ... По неколку години, веќе беше проблем (иако имаа уште шара на нив) и тоа ни беше знак дека треба да се купат нови. Гумите беа ефтини, па секој малку поголем ентузијаст си ги мењаше на 3-4 години. За илустрација можам да ви кажам (видете на google maps) дека со такви гуми без поголеми проблеми со Kia Pride на пример се искачив скоро до Вејце. Незнам, можда бев наивен, млад или заљубен

ама ми успеваше и воопшто не се замарав со тоа дали ќе стигнам или не до саканата дестинација. Не еднаш се искачував со Лада 1600 до викендиците на Шапка (кој бил знае кај се и како се стига до нив...) во најголемите виулици !!! Многу јасно е дека се симнував и до долу иако ме зезаа да ја оставам тука колата до пролет

(лани на Златибор со Астрата во Март со летни гуми, за жал (заради други причини ги сменив порано...) се искачив и симнав, а снег

метро и пол

имам слики

Сакам да кажам НЕ ДРАМАТИЗИРАЈТЕ толку и не бидите папагали и све што ќе прочитате на НЕТ да го пастирате тука, не е тоа дека ние сме паметни , а тие глупи - туку дека фала Богу милениумската бубачка не не изеде, незнам сонцето не не ослепе, кометите не промашија и не знам што уште немаше ... Мора да сме ние Македонците многу жилав народ

Како илустрација ќе ви кажам и дека нели сите ги плукаат All season гумите (да не бидам демагог како Ѕинго, јас ги купив и возам на АХ-от и каде све лани на најголемите снегови не се искачив, а ако некој мисли дека може повеќе - слободно нека се јави

). Не дека ја сум некој јак шофер (иако сум воен off road инструктор за B i C категории) или дека АХ-от е ратрак, туку дека не е све така како што ви го сервираат! Искуствата ќе ви ги прераскажам во живо уз пивце, а сега еве ви линк за занимација
http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Goodyear/Vector-4Seasons.htm Имам уште куп други, ама кој е заинтересиран ќе ги побара. Убаво Сале вика прашај паталец, а не гаталец, ама кој да слуша. Јас пак секогаш викав дека теоријата и праксата се различни работи (кој ми ги прати постовите знае).
Звучат многу пари 4 гуми х 50 € ама ако направам математика колку е пр. Фар + Браник + Маска.... у надобар случај е 4х поефтино.
Знам бе брат, ама немаат сите пари за жал. Има луѓе што едвај спојуваат крај со крај ... Знам ќе речеш дека ете продале све да возат кола

Немаат ли и тие душа бе брат или да им ја земеме и таа? Ако оваа држава беше социјална државата, во интерес на безбедноста на своите граѓани ќе учествуваше со некој удел, незнам безкаматни кредити, долгорочни рати ... ама тоа го нема во капитализмот кој повеќемина го бараа, а немаа ни прелазна оценка по Марксизам...
Исто убавината е што зимските ќе си ги возиме по 6 сезони без проблем... и доаѓаме до заклучок дека годишно не коштаат по 33,3 € или у превод - една кафана!
Дај Боже да дојде време сите да имаме стандард како на запад

Никад нема да се замараме со овие проблеми

Тогаш главна тема за муабет ќе ни биде „КОЈ ГО ЗДИПЛИ МОЕТО СИРЕЊЕ“ !!!