Автор Тема: Peugeot 405 2.0  (Прочитано 6728 пати)

Отсутен Petar.D

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Peugeot 405 2.0
« на: 12 Септември 2018, 00:47:41 am »
Здраво на сите

Конечно да ја представам и мојата играчка или проект како и да се каже.
Веќе околу 12 години фамилијарна кола ни 405ка на која се научив да возам имав многу добри спомени и затоа сепак решив да ја продолжам фамилијарната традиција со четвртото Пежо 405 но овој пат малце поживо од минатите дизелски..

Станува збор за мојот прв автомобил Peugeot 405 2.0 бензиски мотор со 89kw , произведено 12 месец 1994та година

Од опрема поседува:
Централно,
Електрика на ретровизори,
Електрика на сите прозорци,
Електрика на сончев кров,
Греачи на седишта,
Рeкаро кожни седишта но времето кожата ја оштетило така што треба претапацирање,
Наслоњач за рака,
Клима,
Воздушно перниче на волан,
Подесување на волан,
Команди на волан за радио,
ABS и 4 дискови,
Серво волан што се подразбира,
Магленки,
има и некои други ситници..



Наредни планови се промена на бандаши и мало спуштање..
Краен резултат треба да биде нешто вака  ;D ;D



Подобри фотографии во наредна прилика..



Отсутен Hristijan12

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 210
  • TOYOTA MOVING FORWARD AND NEVER STOPPING
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #1 на: 12 Септември 2018, 01:09:33 am »
Со здравје да си ја возиш,убави планови за понатаму  :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #2 на: 12 Септември 2018, 08:18:45 am »
Изгледа здраво возилото. Имаш убава основа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #3 на: 12 Септември 2018, 11:17:33 am »
Со здравје да се вози и со среќа проектот.

Него........... жива е уште таа бабата со кучето ?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #4 на: 12 Септември 2018, 15:39:15 pm »
Убаво сочувано делува. Само напред со проектот!

Отсутен Petar.D

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #5 на: 12 Септември 2018, 16:46:06 pm »
Благодарам на честитките,инаку за сочувана кога ја пазарев ја пазарев за со расипан мотор поради тоа што исфрлаше масло од моторот на повисоки обртаи односно извираше масло по чистење на одушаците испадна дека ни тие не се затнати но мајсторот што ја сервисирал последно малце додал на литражата на масло и наместо 4литри му турил 5 и пол.По промената на масло се среди тој проблем исто не изненади што моторот воопшто не дува од никаде а очекував :D
На автомобилот останува големиот сервис промена на Мап сензор и сензорот за лер гас и промена на задни дискови  и плочки останатото во подвозјето сие сосема во ред никаде ни тропа ни чука,тапацирот на кровот е изваден поради тоа што беше овиснат кје се претапацира овие дена па ќе се врати на место потоа останува промена на бандаши и гуми и одиме на регистрација во глобала тоа е тоа...Здравје боже на пролет комплетно фарбање :D :D :D
Со здравје да се вози и со среќа проектот.

Него........... жива е уште таа бабата со кучето ?
Пред се благодарам на честитките ,а и бабата е жива но за жал кучето не е  ;D ;D

Отсутен Petar.D

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #6 на: 02 Јануари 2019, 12:41:54 pm »
Здраво клуб.Со пежото имам проблем исфрла премногу бензин односно пребогата смеша чади црнила леле мајко променат е мап сензор,проверени дизни,го сменав и TPS  сензорот пред промена на TPS кога кје го одштекав колата си ја смирваше работата и не чадеше воопшто по промената на истиот сега и штекнат и од штекнат има мала промена но пак чади црнила... Исто така се проверени и температурните сензори во ред се.
Предлог за добар електричар во Битола и околината?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #7 на: 02 Јануари 2019, 13:00:58 pm »
Провери ја состојбата на Ламбда сондите, можно е да се замастени или да имаат гареж.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #8 на: 02 Јануари 2019, 18:52:51 pm »
дали на ладна кола ламбда би правела проблем?

а на плин работи супер(плочка плин)

ги проверив сите можни сензори со мултиметар(унимер по нашки) според информациите на ауто дата се во ред(освен тие што ги напомна брат ми што ги сменавме(сега се во ред))

ламдата се движеше од 0.8 до кај 1.1 - 1.2 волти

немам проверено континуитет на инсталацијата до еку но мерено на џековите од сензорите има точен напон на сите а и инсталацијата навидум е во ред

самото еку можеби?


мотор: xu10j2c RFX
ecu: Magneti Marelli- Multipoint 8P

да напомнам дека не свети check engine кога работи моторот и нема фолт кодови, колава нема обд2 но има 2 пински конектор на кој се поврзува диода и на неа ги кажува кодовите

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #9 на: 02 Јануари 2019, 19:06:14 pm »
Од плин неможе да имаш црнила. Поготово не од плин на плочка. На погон на плин ако имаш црнила да не имаш во ист момент две горива?

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #10 на: 02 Јануари 2019, 20:46:18 pm »
не не на плин нема црнила, само на бензин така прави

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #11 на: 03 Јануари 2019, 08:50:59 am »
Притисок на гориво?

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #12 на: 03 Јануари 2019, 15:03:27 pm »
Другар спрема ова што го читам што се сте провериле и заменале, и ја разгледав електична шема од ова пежо, по мое вие имате проблем со некоја дизна не прави млаз или подзакочува пушта повеќе гориво. Или евентуално видете пумпата за гориво колку притисок прави 2,3-2,7 бари со исклучен вакум на регулаторот или 1,8-2,3 бари со -0,5 бари вакум на регулаторот на реилот.
Најмногу сомнителни ми се дизните пошто на овај модел дизните се паралено поврзани на сигналот кој треба да ги активира и би требало да работат како монопоинт инјектион.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #13 на: 03 Јануари 2019, 15:42:39 pm »
Другар спрема ова што го читам што се сте провериле и заменале, и ја разгледав електична шема од ова пежо, по мое вие имате проблем со некоја дизна не прави млаз или подзакочува пушта повеќе гориво. Или евентуално видете пумпата за гориво колку притисок прави 2,3-2,7 бари со исклучен вакум на регулаторот или 1,8-2,3 бари со -0,5 бари вакум на регулаторот на реилот.
Најмногу сомнителни ми се дизните пошто на овај модел дизните се паралено поврзани на сигналот кој треба да ги активира и би требало да работат како монопоинт инјектион.
Каде ги наоѓаш електричните шеми?
Сакам јас на бравото да монтирам афтермаркет централно.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Peugeot 405 2.0
« Одговори #14 на: 03 Јануари 2019, 17:23:14 pm »
во аутодата има шеми али претежно за engine management.

ке видам ова за притисокот на горивото, само сега има снег пола метро надвор...