Автор Тема: Рено Сервис  (Прочитано 780 пати)

Отсутен Саша Османли

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Рено Сервис
« на: 09 Август 2022, 02:50:16 am »
Здраво дечки

Нов сум тука па ме интересира дали може некој да ми препорача ДОБАР мајстор за Рено. Се работи за Рено Сафран 1999 година 2.5 121киловат Бензинец(знам дека е стара кола но е одржаван Одлично) . Колата е бомба но имам проблем кој ме мачи неколку години уназад само Летно време. На големи горештини 36-7 степени колата загрева многу почнува да трокира и буквално педалата за Гас не постој колата губи сила ми се има десено на плетвар да претекнувам кола и почна да трокира на сред претекнување туражата се изгуби комплетно ме чувал господ. Од кога ке ја оставам 1 сат сат и пол да одмори колата лета пак. Променети сензор на радилица, термостат, турен нов антифриз, сензор за брегаста, свеќици нови, бомбина нова, рекоја дека дизните се во ред. Купив нова бензиска пумпа по барање на рено сервис во битола и ништо велат добра ти е старава. Некоја препорака дали може да се измери стара бензиска и некое друго мислење секое мислење е добредојдено или контакт од Добар мајстор. Ако се направи частам кафана.

Ви благодарам имајте убав ден
« Последно менување: 09 Август 2022, 03:12:31 am Саша Османли »

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3155
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Рено Сервис
« Одговори #1 на: 09 Август 2022, 16:57:11 pm »
Moe mislenje e nekoj senzor za temperatura ,proba li da smenis nekoj od niv ?

Отсутен Саша Османли

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Рено Сервис
« Одговори #2 на: 10 Август 2022, 00:49:35 am »
не не ми рекоја ништо за сензорите ке ги променам не е ништо страшна цена а и не знам колку сензори за температура има?. Ми препорачаја чистење на двата ладњаци и дека се сомневаат дека втората брзина од перката не уклучува реостат нешто ама дека тоа многу тешко се испитувало. Некоја препорака ве молам?
« Последно менување: 10 Август 2022, 02:28:08 am Саша Османли »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Рено Сервис
« Одговори #3 на: 16 Август 2022, 00:02:24 am »
Види во Виталеда дали ќе можат да ти помогнат, неколку пати се препорачани, еве и јас ја носам колата таму, немам замерки до сега
Претпоставката е мајката на сите заебувања