Незнам дали ќе имаш толку време, направи си еден план од колку до колку часот што ќе се дешава. Почни од половина час подоцна од терминот за прием на гости. Имаш вечера, бидермаер, сечење торта, се тоа се паузи. Нарано можеш да почнеш од 19:30 и сметај дека после 22:00 добар дел од гостите ќе си заминат. Ако „екипата“ ти се другари и другарки кои сеуште немаат семејни обврски ќе имаш добра забава со ДЈ, во спротивно ќе се бркате со ДЈ сами

Исто така, ако ги напнеш цел ден да акате по невеста, цркви ,сесии, матично и се погоди жежок ден, во 21:00 сите ќе ти бидат папсани.
Ова ти го пишувам со искуство од преку 25 свадби изминативе неколку години. Има уште милион други фактори кои влијаат за тоа каква ќе биде свадбата.