Автор Тема: CARclub Возење: 2018 Ford Focus  (Прочитано 14873 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« на: 24 Јули 2018, 12:18:04 pm »













http://www.carclub.mk/2018/07/24/vozevme-se-zapoznavme-so-noviot-ford-focus-vo-juzna-francija/

---

Мене ми изгледа многу, многу добро, особено во ST-Line изведба. 1.5-литарскиот Екобуст со 182 коња во моментов е најсилната понуда и одлично ја движи колата. Перформансите се сосема добри, а потрошувачката се движеше меѓу 9 и 12 литри на 100, во зависност од стилот на возење.

Менувачот е многу подобар во однос на минатата генерација. Материјали, Fit & Finish и све друго е на многу повисоко ниво, се гледа дека се потрудиле. Продолжува да биде супер за возење, и по ова што го гледаме сега, ST и RS верзиите ќе бидат спектакуларни.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #1 на: 24 Јули 2018, 12:21:29 pm »
Секоја чест.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #2 на: 24 Јули 2018, 12:24:34 pm »
Ај малце повеќе објасни околу аутоматикот во споредба со ДСГ, ако воопшто возеше аутоматик? Иначе стварно добро изгледа напред и ентериерот ама задницата малце разочарува за нов модел. Бандажите се прекрасни.

Инаку малце разочаран од 240нм и 182 кс зошто конкуренцијата вади 150кс со 250нм одамна ама несмеам да зуцнам за кој се работи пошто одма ќе почне дискусијата да иде во лош правец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #3 на: 24 Јули 2018, 12:26:38 pm »
Да прочиташе, ќе видеше дека возев. ;)

Аутоматикот е сосема океј. Не е толку добар како DSG, ама е многу убаво калибриран и многу фино и мазно менува брзини. Од време на време знае мааааааааалку да се подзбуни, ама сите аутоматици го имаат тој проблем и повеќе е до софтверска калибрација него до нешто друго.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #4 на: 24 Јули 2018, 12:33:15 pm »
Зошто толку личи на Хјундаи и30?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #5 на: 24 Јули 2018, 12:45:38 pm »
Затоа што има фарови од Волво ваљда, не знам... :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #6 на: 24 Јули 2018, 12:49:33 pm »
Затоа што има фарови од Волво ваљда, не знам... :)

И штопови од Фиат Типо... И целокупен изглед на Хјундаи...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #7 на: 24 Јули 2018, 13:05:35 pm »
Инаку малце разочаран од 240нм и 182 кс зошто конкуренцијата вади 150кс со 250нм одамна ама несмеам да зуцнам за кој се работи пошто одма ќе почне дискусијата да иде во лош правец.

Форд за престигање/кога педалата е залепена до под, има over boost функција кој  кај овој мотор најчесто го води во вртежен момент во опсег на 260-280Нм во интервал на 10-20 секунди. Барем така било на сите претходни турбо дизел/турбо бензин мотори.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #8 на: 24 Јули 2018, 13:15:26 pm »
"со лопаките поставени на управувачот самиот да менувам брзини"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #9 на: 24 Јули 2018, 13:18:33 pm »
Дека заличува на други работи, подзаличува, да. But I wouldn't hold that against it. Како и да е, изглед е субјективна работа - на некого ќе му се допаѓа, на некого не. Мене ми изгледа ептен добро, само си бара уште еден број поголеми тркала.

Overall, колата е многу, многу, многу добра.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #10 на: 24 Јули 2018, 13:37:02 pm »
Уште да го стегнат ентериерот како треба и ќе биде ТОП возило.
Трицилиндрашиве пуздер почнаа да прават.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #11 на: 24 Јули 2018, 13:49:06 pm »
@Tischläufer - Што е тоа „како што треба“? Кој ентериер во оваа класа е „како што треба“ според тебе?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #12 на: 24 Јули 2018, 13:59:18 pm »
@Tischläufer - Што е тоа „како што треба“? Кој ентериер во оваа класа е „како што треба“ според тебе?


Мислам дека беше ова видео.
Толбот зад менувачот се клати како да не е заштрафен уопште. Не знам дали тестниот примерок е таков или цела серија е.


@vlatko.klp не знам кој курац фактор мислиш дека си тука, па уште на други да даваш сугестија во врска со мене.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #13 на: 24 Јули 2018, 14:07:09 pm »
Јас не приметив нешто такво (а обично приметувам пошто и јас потпирам нога баш на тоа). Може да е проблем со pre-production возило, а може да е проблем и со целата серија.

Како и да е, ентериерот е одличен - и убаво изгледа, и ергономијата е погодена.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: CARclub Возење: 2018 Ford Focus
« Одговори #14 на: 24 Јули 2018, 14:11:06 pm »
Уште да го стегнат ентериерот како треба и ќе биде ТОП возило.
Трицилиндрашиве пуздер почнаа да прават.

Не забегуавај, ентериерот барем на изглед е супер. А и Зеро има пишано дека и квалитетот и финишот е на повисоко ниво, значи таман си е.